@kano не си во право.
Се е до менталитетот. Од ФФМ, МВР, управа, навивачи, родители ама буквално сите имаат вина. Тргни од родителите, до 95-96 генерација колку толку се раѓаа деца и родителите ги учеа што е Вардар, Работнички, МЗТ, Пелистер, после тоа пропаднаа сите генерации. Изговори има тука милион, и ниту еден не е валиден. Лош фудбал, многу избор што да се прави низ градот, педери, наркомани, се отселиле, ама од денешниве генерации никој не е израснат со клубот. Јас на времето кога фамилии шетале низ Парк бев носен на тренинзи на Вардар, на ручек главна тема беше Вардар, а сега нема ништо од тоа. Братучед имам еден 10 години е, гол ако се даде надвор од шеснаесетник мисли ко на баскет 3 гола се рачуна. Вардар мисли дека е река и ракометен клуб, за ФК не ни знае.
Сакам да кажам дека вината е кај новите генерации, не ги израснале да гледаат со љубов кон клубот, дркаат на се што ќе видат на ТВ и кладилница.
Ајде МВР имаат исто голем удел тука, на времето јадеш ќотек и 2 дена не можеш на газ да седнеш, и тоа беше тоа. Сега имаш прекршочни, кривични, парични казни, забрана за гостување, па те земат ли у станица 2-3 пати ќе те малтретираат после пред секој натпревар, дури и до тоа некој да лежи затвор. МВР прави луѓето, а и родителите да се плашат да одат на утакмица или да го пуштат своето дете. Тука не помагаат ни сељаците од планина симнати, што брцаат деца.
Додади на тоа дека МВР те внесува на гостување во 15 минута, а те вади во 80та. Исто и 90% од гостувањата ги категоризираат како ризични. Јаките групи што се ризични. Јебем ти лига каде што 50 навивачи преставуваат ризик.
Управите исто земи ги за пример. Не верувам дека има држава во светот каде што управите работат констатно против групите како кај нас што е тоа. Една ебана управа не се залагала за навивачите, не зборам за финансирање тоа е глупост, зборам за помагање при гостување. Еве дечки ни пратија запис од рандом клуб, тоа е тоа не смее да одите. Абе ако си управа на реномиран клуб има да се жалиш, да се закануваш, да се бориш за своите навивачи. Стави ги тука управите на помалите клубови, кога им гостува Вардар или затвараат врати или ко Ѕинго педерот карта става 500 денари. И во оваа вукојебина кој е спремен на таков трошок?
ФФМ багра селска се да им ебам, лешинари го уништија фудбалот максимално. Судиите у втора лига судат за пари, ФФМ забранува гостувања, ставаат утакмици во најбош термини, пари во клубовите не инвестираат, ниту се борат за некои ТВ права. Инфраструктурата е пропадната, освен градски уште 1 стадион дали ќе најдеш асален во државава. Ееееј Битола со години рефлектори нема. Прилеп им се руши стадионот. А, да не зборам и за другите градови.
Тука се и сите лоши одлуки на групите, за бојкоти, за терање лични интереси, партиски и разно разни глупости. Комити конкретно освен последниве 2 години допреа дно. Борба сакаа да водат на 4 фронта, со ФФМ, МВР, управа па и со политики внатрешни и надворешни ќе се занимаваме. Се само да се тргне фокусот од примарната цел - Вардар.
Сум бил на безброј гостувања и дома или гости од сите воџи сум слушал при пораз "ајде бе да грми, што кур ако Вардар губи, дојдени сме за Вардар или да навиваме". И што понатака? Ја не сум дојден да урлам, дојден сум да го бодрам Вардар, и да боли кога губи, а не некој куртон да ми кажува што кур ако губи.
Тоа е разликата меѓу нас, Торцида и сите ментално стабилни групи што знаат кој им е приоритет. Кај нас навивањето не е начин на живот, ниту пак Вардар им значи на луѓето со чест на исклучоци. Навивањето се смета како шема у животот што секој напален тинејџер треба да ја помине. Па така после 2-3-5-8 години готово у пензија одат, стара гарда.
Од сите луѓе што ги запознав во Хрватска, луѓето го дишеа Хајдук, цела историја ја знаат, се соживуваат со секоја победа и пораз. Кај што бев на гости, човекот имаше 68 години, го знае секој играч што поминал низ Хајдук. Навивачки приказни колку ти душа сака.
Кај нас доаѓаат за да прават инциденти, да урлаат, да пијат, да се дрогираат, често не ни знаат кој игра на терен, само да се иде. Рака на срце последните години ова се менува, ама е далеку од тоа што треба да биде.
И не, не движиме во вистинска насока како држава на навивачки план. Вакви повремени блесоци сум видел многу, прва прилика кога групите ќе се вратат прва лига ќе се деси бродолом.
Е затоа не не бива.