- Член од
- 30 мај 2021
- Мислења
- 271
- Поени од реакции
- 4.393
- Возраст
- 28
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не знам ни дали си бил свесен но тоа е едно од убедливо најударните места на хрватската тифо сцена, за едно мало преградие кое нема ни 10 илјади жители дава една од најударните екипи на Торцида , White Boys а и покрај нив има една од најдобрите и своевремено најактивни екипи на БББ, преполн со навивачки акции кои ги прават едните и другите.И јас бев низ Хрватска периодов, се изненадив колку графити има Торцида во Дубровник, особено во делот каде што живеат повеќе луѓе, на Лапад. Да не коментирам колку графити имаа во околните предградија.
Има едно место/предградие на Дубровник, Мокошица се вика, цел ѕид со графити имаат. Не само за Хајдук, туку и за различни бригади на усташкава војска. Цели графити имаат за луѓе што загинале во војната, секој ден гореа свеќите во кандилата. На стадионот во Дубровник има цел графит од бомбардирањето на градот.
Прегледај го приврзокот 342192Прегледај го приврзокот 342193Прегледај го приврзокот 342194
Прегледај го приврзокот 342196Прегледај го приврзокот 342198Прегледај го приврзокот 342197Прегледај го приврзокот 342195
Даааааааалеку сме ние од нив, на секое поле.
Тоа ти е ко во Крива Паланка, во село Б'с да имаш графити на Вардар![]()
Не бев свесен, ама откако ги видов графитиве се заинтересирав и се распрашав и ми објаснија некои работи. Знам дека им имаат паднато знаме БББ на Торцида Мокошица. Си имаат овие и своја канцеларија кај графитиве, а периодов цртаа уште неколку. На сликата не се гледа вториот ред со графити.Не знам ни дали си бил свесен но тоа е едно од убедливо најударните места на хрватската тифо сцена, за едно мало преградие кое нема ни 10 илјади жители дава една од најударните екипи на Торцида , White Boys а и покрај нив има една од најдобрите и своевремено најактивни екипи на БББ, преполн со навивачки акции кои ги прават едните и другите.
А за дискусијата за менталитет и тоа како имам што да напишам но тоа кога ќе сум послободен.
Екипата на БББ
Прегледај го приврзокот 342201
Да ама во 90тите не иделе Тордица низ Дубровник да пеат провинцијалци, така да колку е менталитетот, толку е кривица и на тие што биле дел од групата во тоа време, сакале да си го признаеме ова или не.
Добро не мислев буквално да скандираат провинцијалци, мислев на некоја навреда на жители од друг град.
Еве БББ се од главен град па не правеле така и имаат подгрупа у Дубровник (не сум знаел за ова пред да ја постира сликата ултрас1988). Тоа сакав да кажам.
За шо прајме муабет.... прво коло, за Гевгелија добиваме забрана. Абе кои мизерии се и клубови и федераци и полиција... спремни да прајме 500км пат трошоци на 100ден литар нафта и добиваш ваква мизерна порака. Реално после ова, отпаѓа секаква комбинација со нашиот клуб, ела сега најди спремни 20-тина дечки шо ќе треба да одвојат минимум по 1500, цел ден малтретирање и веројатност да не влезиш на стадион. То е...Прегледај го приврзокот 342210
Не е проблемот во групите што нема луѓе на стадионите туку до самите клубови. Хајдук и Динамо имаат предобар маркетинг што резултира со полни стадиони. Нашите клубови едвај пишуваат дека се игра воопшто некоја утакмица а камоли да имаат фан шопи или да организираат фан зони пред секоја утакмица какви што практикуваат Динамо и Хајдук. Хајдук има толку добар маркетинг што низ сите маркети во Хрватска можеш да најдеш смоки,сокови итн. со логото на Хајдук. Од друга страна ја имаш Ријека каде што клубот ја води истата политика како нашите и затоа кај нив нема повеќе од 300 луѓе на стадион. Затоа се дур управите кај нас се пасивни во врска со клубовите не можеме да очекуваме полни стадиони.Добро не мислев буквално да скандираат провинцијалци, мислев на некоја навреда на жители од друг град.
Еве БББ се од главен град па не правеле така и имаат подгрупа у Дубровник (не сум знаел за ова пред да ја постира сликата ултрас1988). Тоа сакав да кажам.
Ја зедовте Торцида за пример, меѓутоа треба да кажеме дека таа е феномен не само за Балканот него и Европа. Торцида не е класична навивачка група. Со Торцида се идентификува секој кој навива за Хајдук. За пример земете видеа, слики од кортеa, од кој се носи маици со Торцида. Од мали до стари од жени до мажи, сите, буквално сите. Тоа не е случај ни со белградските групи ни со ббб... Торцида има своја уникатна филозофија. Хајдук во Сплит е на рамниште на религија. Тоа чуство на припадност спрема клуб, го немa можеби никаде на друго место(освен јужна америка можеби)
@kano не си во право.
Се е до менталитетот. Од ФФМ, МВР, управа, навивачи, родители ама буквално сите имаат вина. Тргни од родителите, до 95-96 генерација колку толку се раѓаа деца и родителите ги учеа што е Вардар, Работнички, МЗТ, Пелистер, после тоа пропаднаа сите генерации. Изговори има тука милион, и ниту еден не е валиден. Лош фудбал, многу избор што да се прави низ градот, педери, наркомани, се отселиле, ама од денешниве генерации никој не е израснат со клубот. Јас на времето кога фамилии шетале низ Парк бев носен на тренинзи на Вардар, на ручек главна тема беше Вардар, а сега нема ништо од тоа. Братучед имам еден 10 години е, гол ако се даде надвор од шеснаесетник мисли ко на баскет 3 гола се рачуна. Вардар мисли дека е река и ракометен клуб, за ФК не ни знае.
Сакам да кажам дека вината е кај новите генерации, не ги израснале да гледаат со љубов кон клубот, дркаат на се што ќе видат на ТВ и кладилница.
Ајде МВР имаат исто голем удел тука, на времето јадеш ќотек и 2 дена не можеш на газ да седнеш, и тоа беше тоа. Сега имаш прекршочни, кривични, парични казни, забрана за гостување, па те земат ли у станица 2-3 пати ќе те малтретираат после пред секој натпревар, дури и до тоа некој да лежи затвор. МВР прави луѓето, а и родителите да се плашат да одат на утакмица или да го пуштат своето дете. Тука не помагаат ни сељаците од планина симнати, што брцаат деца.
Додади на тоа дека МВР те внесува на гостување во 15 минута, а те вади во 80та. Исто и 90% од гостувањата ги категоризираат како ризични. Јаките групи што се ризични. Јебем ти лига каде што 50 навивачи преставуваат ризик.
Управите исто земи ги за пример. Не верувам дека има држава во светот каде што управите работат констатно против групите како кај нас што е тоа. Една ебана управа не се залагала за навивачите, не зборам за финансирање тоа е глупост, зборам за помагање при гостување. Еве дечки ни пратија запис од рандом клуб, тоа е тоа не смее да одите. Абе ако си управа на реномиран клуб има да се жалиш, да се закануваш, да се бориш за своите навивачи. Стави ги тука управите на помалите клубови, кога им гостува Вардар или затвараат врати или ко Ѕинго педерот карта става 500 денари. И во оваа вукојебина кој е спремен на таков трошок?
ФФМ багра селска се да им ебам, лешинари го уништија фудбалот максимално. Судиите у втора лига судат за пари, ФФМ забранува гостувања, ставаат утакмици во најбош термини, пари во клубовите не инвестираат, ниту се борат за некои ТВ права. Инфраструктурата е пропадната, освен градски уште 1 стадион дали ќе најдеш асален во државава. Ееееј Битола со години рефлектори нема. Прилеп им се руши стадионот. А, да не зборам и за другите градови.
Тука се и сите лоши одлуки на групите, за бојкоти, за терање лични интереси, партиски и разно разни глупости. Комити конкретно освен последниве 2 години допреа дно. Борба сакаа да водат на 4 фронта, со ФФМ, МВР, управа па и со политики внатрешни и надворешни ќе се занимаваме. Се само да се тргне фокусот од примарната цел - Вардар.
Сум бил на безброј гостувања и дома или гости од сите воџи сум слушал при пораз "ајде бе да грми, што кур ако Вардар губи, дојдени сме за Вардар или да навиваме". И што понатака? Ја не сум дојден да урлам, дојден сум да го бодрам Вардар, и да боли кога губи, а не некој куртон да ми кажува што кур ако губи.
Тоа е разликата меѓу нас, Торцида и сите ментално стабилни групи што знаат кој им е приоритет. Кај нас навивањето не е начин на живот, ниту пак Вардар им значи на луѓето со чест на исклучоци. Навивањето се смета како шема у животот што секој напален тинејџер треба да ја помине. Па така после 2-3-5-8 години готово у пензија одат, стара гарда.
Од сите луѓе што ги запознав во Хрватска, луѓето го дишеа Хајдук, цела историја ја знаат, се соживуваат со секоја победа и пораз. Кај што бев на гости, човекот имаше 68 години, го знае секој играч што поминал низ Хајдук. Навивачки приказни колку ти душа сака.
Кај нас доаѓаат за да прават инциденти, да урлаат, да пијат, да се дрогираат, често не ни знаат кој игра на терен, само да се иде. Рака на срце последните години ова се менува, ама е далеку од тоа што треба да биде.
И не, не движиме во вистинска насока како држава на навивачки план. Вакви повремени блесоци сум видел многу, прва прилика кога групите ќе се вратат прва лига ќе се деси бродолом.
Е затоа не не бива.