Ако немаш видено: "U nesto malo manje od 6h od pustanja ulaznica protiv Viljareala. Ulaznica vise nema!"
Иначе офтопиков ме натера да размислам дали некогаш и ние вака ќе гледаме распродаден стадион за 6 часа или воопшто распродаден стадион фудбал за Вардар до последно место пак во блиска иднина. Сплит има 200-300к жители, Скопје има 600-800к жители, ајде да анулираме 200к други етникуми во Скопје на кои ништо не им значи Вардар, пак останува бројка поголема од таа во Сплит, тогаш што е проблемот? Резултатите сигурно не се, Хајдук нема земено титула од 2005 година, Вардар се изнаосвојува титули до пред 2 години. Управи како управи, се менуваат, пролазни се, секој клуб во негово постоење имал проблеми со управи и навивачите биле сведоци дека клубот го водат лица за личен финансиски интерес, на кои не им значи клубот. Јас гледам 2 проблема во оваа работа, може има повеќе, ама 2 ми текнуват како поголеми. Прво катастрофалниот став на одредени поединци од навивачката група (секогаш најглупавите се најгласни и се добива впечаток дека сите го имаат тој став) дека Вардар е скопски бренд, дека провинцијалци не се добредојдени, дека Скопјани се над сите итн итн. Многу голема ни е Македонија, многу Македонци останавме во неа, па уште да се делиме според тоа кој каде е роден. Во Сплит не сум го забележал тој проблем, и тие од Трогир и тие од Макарска и тие од Брач ги спојува Хајдук и доаѓаат само за клубот. Ако не им е проблем од острови со 3 траекта на ден да доаѓаат цела сезона во Сплит (да не зборувам на гостувања), не треба да е проблем ни на луѓето надвор од Скопје да дојдат во Скопје особено за млади до 27 кога има бесплатни возови. Ама мора пусто Македонче надмено да е, кога го мочат од сите страни, мора и оно некаде да моча. Вториот проблем кој го гледам е катастрофалниот лош глас кој ги бие навивачите, за кого навивачите директно придонесуваат. Значи не збориме тука за време Вмро кога наслови фрчеа на сите страни Комити правеле нереди, каменувале, напаѓале полиција, реално тоа се е минато. Никој не ти прави опструкции и имаш одврзани раце да промовираш групата во најдобро можно светло да привлече стадионот што е можно повеќе луѓе, некој заедно со групата, некој дојден на неутрална да ја гледа групата, клубот и атмосферата, посекако сите се во добивка. Како пример еве би ја земал песната “Љубав мог живота“ на Хајдук и видео записот за истата, цела песна со кадри од мали бебиња во капчиња, магариња на стадион со клубски бои, девојки распеани, буквално се дава слика дека стадионот е за секого и дека сите се добредојдени, кај нас такви материјали што доловуваат таква слика нема (или се преретки), повеќе се фураат стихови “бакља, пиво, ви ги ебеме сестрите“, кадри од фантомки, тетоважи, палки итн итн. Не е дека само кај нас е таков стил, еве и во Србија истото е, стихови од типот “Сви су чули за Хијене јер Хијене боде ножем“. Мислам ако се промовира нешто на првиот начин ќе останат со него секогаш огромен број луѓе од сите возрасни групи, навивачи и “семкари“ (полн стадион секогаш) дури и да нема успеси (чист пример Хајдук), ако се промовира на вториот начин ќе има луѓе само кога ќе е нешто актуелно, после тоа ќе останат на трибина само навивачите, кои ненамерно придонеле да се направи одбивна слика за доаѓање на стадион воопшто.