Тажно е колку е отиден у курац спортов у Македонија и колку замре навивањето и тифо-сцената, чим е дојдено Рибари да ни се главна и единствена атракција во цела сезона, што е и нормално затоа што се единствен противник на трибината низ текот на цела сезона, среќа ракометот живна па за очекување е да има супер-интересни дуели со битолчани

. Во нормални услови, мислам дека воопшто немаше да се погледне према Рибари и ќе се истераа утакмиците без никаква тензија и провокација, искрено не сум запознаен со муабетите за „бугарофилите“ во Рибари ама очигледно уште пред дуелот во Маџари самите си го бараа со непотребен курч, па сега нека се носат со последиците, а и самиот факт што е единствена прилика за докажување и „гладот“ за навивачки дуели си го прават своето.
Никаков фактор инаку не се Рибари, ниту некогаш биле, можеше да поминат како симпатична група и да има интересни утакмици во поглед на навивање, ама самите влегоа во дуел, и очигледно тешко се носат со тоа, расцепкани и самостални екипи на Комити шетаа низ цел викенд и точно нула акции и напади, плус лесно одработено гостување против Воска наспроти нивното непојавување во Кадино
А за бројката и она што се случува во Комити, мислам дека апсолутно никој од самите нас не веруваше во ваков развој на настаните, со оглед на тоа што се случуваше со групата изминативе години. Не знам на што се должи ваквиот подем, многу стари екипи и членови се повторно на запад и засега владее добра атмосфера и сплотеност, ќе видиме каде ќе носи тоа, едвај чекам да дојде ракометниот дуел во Скопје, страшно фалат такви дерби-дуели, поготово што влогот е титула и пласман во ЛШ па огромен ќе биде притисокот и на резултатски план