Навики при заспивање

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Немам некоја навика при заспивање, сега не :) Ко мала можев да заспијам само на стомак, со рацете под перница, секоја друга поза беше измачување до сабајле. До пред некое време бев навлечена на слушалките, без музика не можев да заспијам, ама помина и тоа :)
 
Никако не можам да заспијам ако не ми е уклучен телевизорот, многу убаво ме успива.
 
Задолжително пред да заспијам во уши си ставам тапи за да не го слушам 'рчењето на сестра ми, бидејќи имам многу лесен сон и обично крцкање на паркетот би ме разбудило, а камоли 'рчење или гласно дишење, трескање на врати едн стаф :)
Број два, исто така без да измијам заби не можам да заспијам, и најважното : Прозорот МОРА да ми е отворен. Инаку многу ми е загушливо. И минус 20 да е, прозорот мора да ми седи отворен :)
 
Обавезно пред да заспијам си пуштам музика, во спротивно не можам да заспијам.Така се навикнав и ако не пуштам музика ко да ми фали нешто.
 
Pa so znam, obicno muzice tivko ili ponekad so nekoe filmce zaspivam, zavisi.
 
музика пред спиење, The Doors ме најубаво успиваат, а исто и мора да испијам една чаша вода пред да си легнам и да имам шише вода до креветот...:costumed3
 
Пуштам Фортуна и ми свири цел ноќ.(на двојка)
Легнувам,пижамки,мијам заби и спијам.
 
Едно време без музика неможев да заспијам, сега не....
Најчесто легнувам на стомак и ги ставам двете раце под перница, така најбрзо заспивам... Али некад можам и на страна да легнам и само со едната рака под перница, а другата меѓу нозе или двете по перница а едната нога крената и свиткана а другата испружена :) Ваљда ме сфативте :)
 
Раката под перница, и обавезно на стомак, и било левата или десната нога свиткани...
 
п.с. сВати се пишува, со В. :pos:
Жалам што морам да те разочарам. Со Ф се пишува,едначење по звучност. В се слуша Ф се пишува.

Инаку јас пред спиење ставам слушалки и имам посебна песна со која не можам да отидам на спиење а да не ја чујам.
Зјапам во ѕид 15тина мин. додека не ми промрдаат зелени суштества.
Не бе марсовци.
Спијам со перница над глава.
И ако спијам настрана,едната рака ми е под перница а едната на рамо.
 
Цигара пред спиење, ама обавезно! И тоа откако ќе се решам дека легнувам, па и да сум згаснала пред тоа, морам да запалам нова. Ми се случило да не го направам тоа за да не се расонам, па не сум можела да заспијам мислејќи колку ќе ми беше убаво да запалев уште една. Страшна работа. Затоа и не живеам со моите ... пред тато не пушам, па ваљда не би можела да заспијам никогаш!:pos2:
Ако сум се вратила доцна дома, морам да изгледам нешто на раат на тв, ако сум преуморна за да си пуштам филм. Најчесто тоа време има шпански серии, па ете како ги пратам и учам јазик.
Е веќе кога легнувам ... ѕид немам од страните, а кога имав не можев да спијам со лице кон него. Тоа просто ме убива! Се вртам најчесто на десна страна (на лева неможам ни под разно), па ако не заспијам брзо се превртувам на стомак. На грб неможам да спијам, можам само да се истегнам и одморам на кратко, а после тоа сафра ми е.
Последнава година навиката ми е друга ... легнувам на десна страна нали, кревам ќебето од напред да влезе едното куче, па кревам ќебето одпозади за другото, па откако ќе се наместат удобно срцките - заспиваме сите. Неможам да замислам поинаку да заспијам.:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom