Цигара пред спиење, ама обавезно! И тоа откако ќе се решам дека легнувам, па и да сум згаснала пред тоа, морам да запалам нова. Ми се случило да не го направам тоа за да не се расонам, па не сум можела да заспијам мислејќи колку ќе ми беше убаво да запалев уште една. Страшна работа. Затоа и не живеам со моите ... пред тато не пушам, па ваљда не би можела да заспијам никогаш!:pos2:
Ако сум се вратила доцна дома, морам да изгледам нешто на раат на тв, ако сум преуморна за да си пуштам филм. Најчесто тоа време има шпански серии, па ете како ги пратам и учам јазик.
Е веќе кога легнувам ... ѕид немам од страните, а кога имав не можев да спијам со лице кон него. Тоа просто ме убива! Се вртам најчесто на десна страна (на лева неможам ни под разно), па ако не заспијам брзо се превртувам на стомак. На грб неможам да спијам, можам само да се истегнам и одморам на кратко, а после тоа сафра ми е.
Последнава година навиката ми е друга ... легнувам на десна страна нали, кревам ќебето од напред да влезе едното куче, па кревам ќебето одпозади за другото, па откако ќе се наместат удобно срцките - заспиваме сите. Неможам да замислам поинаку да заспијам.