Навала од Македонци во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Ти бе не се додворувај одма :)

Им го знам јазикот бе, бољи водич амин :) Ем поефтино ќе помине, со врски :)

Одење на одмор во Грција = повеќе пари во државната каса на Грција и повеќе пари за битката со нас.


Toгаш ох те молам објасни ми, зашто ние немаме стратегија за бранење против таа битка? Дека немаме пари од што си ги крадеме самите? Си градиме цркви и статуи од шмизли и шољи? :)
 
знам друже .... ама од тоа само скопјани имаат ќар..... ние од "провинцијата" само онаквото го добиваме.....
А дали тој производ може да се најде Бугарија или Србија? Секако би било поефтино во тие држави. Пошто спомена како пример, па дали има алтернатива, како за производ, така и за услуга.
 
Брат,ова болдираново и за тебе има значење:)
Владава неможе никаде да не турка освен под земја,а за Грчката не ни размислувам,бидејќи не ми е ни битна.Каква е врската помеѓу расфрлањето на буџетските пари и трошење на своите пари?Ако јас банкротирам,владава нема да ме спаси,ако она банкротира ќе ме соголи до последен денар.Јас за десет дена нема да потрошам 16,5 милиони евра,ниту сите заедно што ќе отидат на одмор било каде.Но барем ќе кажам деак ќе отидам,а не педерски да ги префрлам парите во Италија.(во оваа смисла врска)
Чувството за одбивност може да е единствената пречка за Грција,но неможете да фрлате со дрва и камења по луѓето кои одата за нашиве да ќутите како неми.Тоа е најлицемерното нешто што воопшто се случува.

Ај да не се развлекуваме со репликиве, мојата последна и да скратам поента.

Се работи за едно проклето лето, еднаш барем да се воздржиме. Неможеме сите да ги спречиме во намерата да одат во Грција, секој си е доволно свесен каде ги дава парите. Но можеме да влијаеме поголемиот дел од нас да ги бојкотира Грците.

Меѓутоа зошто ним да им ги даваме нашите пари, зошто нивната економија да ја помагаме, па напрај математика, ете за еден викенд 5.000 Македонци вбризгале во Грчката економија најмалце 2,5 милиони евра.

Наместо да ги извисиме едно лето, да ги оставиме да осетат како е кога губат прилив на средства од “Скопјанос“, а да ги удри по џебот и да си ја притиснат самите својата влада да смени политика или барем револт да предизвика.

Ако отидам Бугари и Албанија и таму сум предавник?

Не, не си. :)
 
Шо ве глеам чудни... Парите немет врска за мене со проводот. Не дек сум Охриѓанец, или дек веројатно не би можел да влезам кај јужниот сосед, ама ќефот со пари не се купвит. За мене. Нек е најефтино на свет, ак не ми е убо, шомајка барам?

Зара? Бершка? Тзазики? Насмеаниот Јорго? Доказ дек не се сите грци ненормални, ксенофоби и фашисти во душа? Убо де, то го знајме. Страв ми е мене дан ни е в ген мазохистичкото, па за инает да се ојт...

Секој со свој ум. Па, кому колку му делил...
 
Значи патриотизмот (или љубовта кон татковината) настапува само кога си задоволен од власта и државата? Пак ќе ве прашам - одите во Грција за инат на владата?
Ама најверојатно вам не ви е јасно дека има луѓе и од грција и од Македонија кои што едноставно си фурат свој филм и не ги интересираат никакви политички спорови.
 
Ама најверојатно вам не ви е јасно дека има луѓе и од грција и од Македонија кои што едноставно си фурат свој филм и не ги интересираат никакви политички спорови.

Нормално :toe:
 
Ај да не се развлекуваме со репликиве, мојата последна и да скратам поента.

Се работи за едно проклето лето, еднаш барем да се воздржиме. Неможеме сите да ги спречиме во намерата да одат во Грција, секој си е доволно свесен каде ги дава парите. Но можеме да влијаеме поголемиот дел од нас да ги бојкотира Грците.

Меѓутоа зошто ним да им ги даваме нашите пари, зошто нивната економија да ја помагаме, па напрај математика, ете за еден викенд 5.000 Македонци вбризгале во Грчката економија најмалце 2,5 милиони евра.

Наместо да ги извисиме едно лето, да ги оставиме да осетат како е кога губат прилив на средства од “Скопјанос“, а да ги удри по џебот и да си ја притиснат самите својата влада да смени политика или барем револт да предизвика.

Не влегов со кампања во темава летувајте во грција,немој погрешно да ме сфаќаш.Влегов поради терминот предавник и повлеков паралела кој на кого му вика предавник (затоа ја умешав владата).
Иначе за економијата и Грците кај нас вбризгуваат не 2,5 милини,туку многу повеќе.Бизнисот не гледа политика,затоа и не треба да им ја затвориме вратата на сите кој сакаат да летуваат кај нас.
Филип има право,ако ти удри некој тупаница ти пак ли ќе отидеш таму?не.Чувството за одбивност треба да ти ја премести дестинацијата,иако грција изобилува со убави плажи и забави.Но тоа не ни дава за право да го наречеме некој предавник,бидејќи нема да остане во земјава ни еден со чист газ ако си извадиме прљав веш на маса.

Bratot напиша:
Е фала ти:)
 
Со мала забелешка дека оние од грција нормално дека не се засегнати и не ги интересираат политички спорови затоа што нивното име презиме не е тема за промена во еу.
 
Со мала забелешка дека оние од грција нормално дека не се засегнати и не ги интересираат политички спорови затоа што нивното име презиме не е тема за промена во еу.
Во ред, но забораваш дека грчката вистина пропагирана од страна на нивните власти е сосема поразлична од вистинската која ја имаме овде, па затоа по таа логика, нуту они не би требало да доаѓат овде да трошат пари или инвестираат во економијата :toe:
 
Има батка, има огромна администрација со неколку пати покачени плати, зошто да не си дозволат еден убав одмор во Грција.

Мислиш ова бедава со 8000 денари плата оди во Грција?!?

Тоа ми беше зборот,од туристите кој ќе го поминат одморот во Грција никој нема да биде под републичкиот административен просек од 20 000 денари.Всушност тоа им го овозможува нашава влада,а не Караманлис и Дора.:toe:
 
Во ред, но забораваш дека грчката вистина пропагирана од страна на нивните власти е сосема поразлична од вистинската која ја имаме овде, па затоа по таа логика, нуту они не би требало да доаѓат овде да трошат пари или инвестираат во економијата :toe:
И ова држи. Но тие се во подобра положба од неколку аспекти. Едно што луѓе како (сега во моментов го гледам/слушам видеото) Поповски, Геровски и слични лица кои би биле грци и против грчките позиции, веднаш се елиминираат од јавната сцена. Друго, ние сме под постојан притисок, економски и политички блокади, психоза на страв подгревана од медиумите и слично. Сепак се во далеку надредена положба и немаат проблем со претставувањето низ Македонија како ние што го имаме таму (во смисол на Скопиа). И самото тоа што едно време требало според некои договори да не делат со северниот сосед, како и фактот дека сме далеку економски и воено послаба држава и тоа дека и за идентитетот и политички сме многу разединети, им носи голема психолошка предност. Исто предност носи и поддршката која ја имаат од еу членките.Се е тоа предност тие да не чувствуваат никаква загрозеност, односно имаат голема реална предност.
 
Може да се кладам дека има спротивно од навала,ова А1 само пропагира за да ги натера и редовните кои оделе во Грција да одат пак

Ako lazi A1 Kanal 5 ne bi trebalo da lazi ,a imase i video.

Долга колона на преминот Богородица кон Грција

Ова задоволство е главната причина за турканицата која од утринава е создадена пред граничниот влез за соседна Грција. Да се почувствува морскиот воздух, плажата и да се потроши некое евро по солунските продавници е главниот мотив зошто овие сограѓани решиле продолжениот празничен викенд да го поминат на грчката ривиера.

- Одам за Солун на шопинг и малку одмор со синот, вели една наша сограѓанка.

- За Халкидики, таму малку да здивнеме од работата, да одиме за Солун да се одмориме и да се надишеме морски воздух, дополнуваат уште двајца патници од Скопје.

Пред да се почувствува задоволството, мора да се потроши залихата од нервоза. Под жешкото сонце, трпението се губи поради бавноста на грчките гранични органи во реализација на формалностите при преглед на документи и пропуштање на македонските возила. Не сакајќи да говорат пред камера, дел од патниците објаснуваат, утрово колоната била дури до македонската погранична рампа.

- Да утрово колоната од автомобили за влез во Грција го исполни меѓуграничниот простор, но ние ова го очекувавме, изјави командирот на полициската станица на граничниот премин Богородица, Никола Стамнов.

Досега од Македонија излегле 7000 патници, повеќе од половината се македонски државјани кои патуваат во Грција во сопствена режија.

На граничниот премин кај Дојран атмосферата е помирна без турканици и најважно нервирање. Колку и да е голем патриотизмот, но и нервозите на Македонците пред грчките гранични рампи, посилна од се е желбата продолжениот празничен викенд да се помине во вакво друштво.
 
Да не се вратат :helou:Да речи Господ златен.
 
...Меѓутоа зошто ним да им ги даваме нашите пари, зошто нивната економија да ја помагаме, па напрај математика, ете за еден викенд 5.000 Македонци вбризгале во Грчката економија најмалце 2,5 милиони евра.

:)

Грците во Фламинго вбризгуваат пола милјон дневно...... секој ден.... а не само во продолжени викенди.
 
Ako lazi A1 Kanal 5 ne bi trebalo da lazi ,a imase i video.

Долга колона на преминот Богородица кон Грција

Ова задоволство е главната причина за турканицата која од утринава е создадена пред граничниот влез за соседна Грција. Да се почувствува морскиот воздух, плажата и да се потроши некое евро по солунските продавници е главниот мотив зошто овие сограѓани решиле продолжениот празничен викенд да го поминат на грчката ривиера.

- Одам за Солун на шопинг и малку одмор со синот, вели една наша сограѓанка.

- За Халкидики, таму малку да здивнеме од работата, да одиме за Солун да се одмориме и да се надишеме морски воздух, дополнуваат уште двајца патници од Скопје.

Пред да се почувствува задоволството, мора да се потроши залихата од нервоза. Под жешкото сонце, трпението се губи поради бавноста на грчките гранични органи во реализација на формалностите при преглед на документи и пропуштање на македонските возила. Не сакајќи да говорат пред камера, дел од патниците објаснуваат, утрово колоната била дури до македонската погранична рампа.

- Да утрово колоната од автомобили за влез во Грција го исполни меѓуграничниот простор, но ние ова го очекувавме, изјави командирот на полициската станица на граничниот премин Богородица, Никола Стамнов.

Досега од Македонија излегле 7000 патници, повеќе од половината се македонски државјани кои патуваат во Грција во сопствена режија.

На граничниот премин кај Дојран атмосферата е помирна без турканици и најважно нервирање. Колку и да е голем патриотизмот, но и нервозите на Македонците пред грчките гранични рампи, посилна од се е желбата продолжениот празничен викенд да се помине во вакво друштво.

На Богородица секогаш е има голема колона,бидејќи ако не си знаел преку овој пат одат сите од Север,а тоа со видеото фатиле двајца тројца Македонци,другиве се Срби и др.Убаво знам како се пласира пропаганда,не ми ги кажувај овие работи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom