Може да се кладам дека има спротивно од навала,ова А1 само пропагира за да ги натера и редовните кои оделе во Грција да одат пак
Ako lazi A1 Kanal 5 ne bi trebalo da lazi ,a imase i video.
Долга колона на преминот Богородица кон Грција
Ова задоволство е главната причина за турканицата која од утринава е создадена пред граничниот влез за соседна Грција. Да се почувствува морскиот воздух, плажата и да се потроши некое евро по солунските продавници е главниот мотив зошто овие сограѓани решиле продолжениот празничен викенд да го поминат на грчката ривиера.
- Одам за Солун на шопинг и малку одмор со синот, вели една наша сограѓанка.
- За Халкидики, таму малку да здивнеме од работата, да одиме за Солун да се одмориме и да се надишеме морски воздух, дополнуваат уште двајца патници од Скопје.
Пред да се почувствува задоволството, мора да се потроши залихата од нервоза. Под жешкото сонце, трпението се губи поради бавноста на грчките гранични органи во реализација на формалностите при преглед на документи и пропуштање на македонските возила. Не сакајќи да говорат пред камера, дел од патниците објаснуваат, утрово колоната била дури до македонската погранична рампа.
- Да утрово колоната од автомобили за влез во Грција го исполни меѓуграничниот простор, но ние ова го очекувавме, изјави командирот на полициската станица на граничниот премин Богородица, Никола Стамнов.
Досега од Македонија излегле 7000 патници, повеќе од половината се македонски државјани кои патуваат во Грција во сопствена режија.
На граничниот премин кај Дојран атмосферата е помирна без турканици и најважно нервирање. Колку и да е голем патриотизмот, но и нервозите на Македонците пред грчките гранични рампи, посилна од се е желбата продолжениот празничен викенд да се помине во вакво друштво.