- „Во Македонија фактички започна нова обоена револуција според украинско сценарио, само што е во почетна фаза. Нели е дојдено време за поактивно спречување на обоените револиции во Европа?“ Зарем не треба во такви почетни фази во такви државни преврати треба да се вклучат меѓународни механизми како ОБСЕ а и Советот за безбедност во ОН за да обоените револуции не станат вообичаена пракса за промена на легитимни избрани власти?“
„Потполно се согласувам со Вас. Нас тоа што се случува во Македонија многу не загрижува. Македонските случувања многу грубо се контролираат и насочуваат од надвор.
Во тек е обид Владата на Никола Груевски да се обвини за некомпетентност и дека не ги извршува своите задачи пред граѓаните, а му се препишувааат и многу други работи. Но, позади се тоа стои желбата да се влијае врз него и да се врши притисок на Груевски поради одбивање да се приклучи на санкциите против Русија. Ние со сигурност знаеме дека таквите притисоци на него се вршени и поради што во свое време како Премиер го поддржуваше Јужен тек, сметајќи на тој гасовод дека е во прилог и интерес за Македонија.
Тој покажа дека е подготвен за соработка за другата варијанта за испорака на енергенси од Русија кон јужна Европа, вклучувајќи го и Турскиот тек.
Многу е жалосно и опасно што за остварување на целта за насилно рушење на Власта на Груевски, се обидуваат да го вклучат и албанскиот фактор.
Пред неколку години таму беа остри противречности помеѓу Македонците и Албанците. Тогаш беше потпишан Охридскиот договр со кој се врати мирот и согласувањата.
Кога ние во контактите со Европска Унија, го покренавме прашањето за правата на Русите и руско јазичноста во Естонија и летонија, ги прашавме ,, Зошто го поддржаа Охридскиот договор и дали на Албанците во Македонија им дадоа сериозен обем на права, а зошто не можат тоа истото да го направат и за Русите во Естонија и Летонија, одговор не добивме. Но, по однос на Македонија добро е што конфликтот тогаш во Македонија беше разрешен.
Сега се во тек разговори дека Македонија треба уште повеќе да се федерализира, да се направи од неа ,,жилава федерализација“, можеби и ,,конфедерација“ Се изнесуваат и идеи за распарчување нарекувајќи ја вештачка држава, да се даде еден дел на Бугарија, а еден дел на Албанија.
Без да ја спомне Македонија, премиерот на Албанија во широки рамки ја ,,истури“ идејата за Голема Албанија. Во Тирана патуваат лидерите на албанските партии во Македонија и таму добиваат инструкции.
Паралелно со тоа, американскиот амбасадор си зема за право во Скопје , да ги повикува лидерите на македонските партии и албанските и опозиционите и владеачката партија.
Кон крајот на Април, беше организирано патување низ Македонија на претставници на ОБСЕ. Дојдоа во Скопје и се самопрогласија за „ОБСЕ мисија“ и при тоа изнесуваа некои рецепти и доставуваа барања кон Груевски.
Тогаш, реагиравме, со цел да не се повторува вакво самоволие, и го замоливме седиштето на ОБСЕ, генералниот секретар и Претседателот на ОБСЕ, актуелниот министер за надворешни работи на Србија Дачиќ да провери што се случува и да не извести како може такво нешто воопшто да се случи.
Ние се што се случува во Македонија активно следиме и реагираме и сваќаме многу сериозно. Сметам дека сте во право и дека во иднина треба да дејствуваме онака како што рековте, а можеби и многу пооперативно, да ги пресретнуваме случувањата и да бараме меѓународните организации да испраќаат во Македонија независни експерти, претставници на Секретаријатот кои потоа ќе реферираат за се. Се со цел одлуките да се донесуваат колегијално и во легитимни структури, а не под тепих.