Naruto

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.156
Поени од реакции
23.298
Да не се дозна кој беше во ковчегот кој Кабуто му го презентира на Тоби и го запрепасти ?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.262
Поени од реакции
1.335
Еве се прибрав дома и ја разработив малку мојата теорија дека Тоби е Обито. Но, ова е лично моја теорија и воопшто нема да се изненадам ако на крајот излезе нешто друго. Кишимото сака да ги изненадува своите читатели со неверојатни случувања. Затоа јас сум отворена за која било теорија. Би сакала да видам како и другите размислуваат, па затоа и го пишувам ова. Да напоменам дека постов има спојлери за оние кои сѐ уште не се во тек.

Сметам дека Тоби е Мадара или дел од него кој го користи телото на Обито. Неговата двојна личност е една од повеќето индикации дека тоа е возможно. Во моментите кога Тоби е претставен како весел лик, Обито успева да надвладее, меѓутоа Мадара го потиснува во моментите кога нему му одговара да се претстави како Мадара Учиха.

Важно за оваа теорија е дека Зетсу работи за Тоби, односно за Мадара. Јас мислам дека тој, по наредба на Мадара, со техника го вратил Мадара во живот и дел од таа техника е да користи тело од друг Учиха. Единствен начин како тој би земал тело на Учиха (без да биде предупреден кланот, како заштитник на Шаринганот) е доколку се случи нешто како што му се случи на Обито - смрт под неразјаснети околности. Доказ за мене дека Зетсу работел за Мадара, како шпион и десна рака, е дека тој живее веќе многу години и посведочил многу настани од минатото. Исто така, неколку пати Тоби кажа дека тој не е комплетен и негов план е да стане комплетен, што и според мене е еден доказ за теоријава.

Во врска со возраста на Обито во времето кога бил извршен нападот врз Коноха - јас мислам дека тој тогаш имал 14 години. Тука изгледа дека е невозможно тој да биде Тоби, бидејки тогаш би имал тело на тинејџер, додека Тоби има тело на возрасен човек. Меѓутоа, ова е единствениот момент кога Тоби е нецелосно покриен, вклучувајќи ги и ракавиците. Во тоа време, претпоставувам дека некој друг бил носител (vessel) на Мадара, додека тој чекал телото на Обито да биде спремно (целосно здраво).
Треба да се земе во предвид покриеноста на телото на Тоби во следните негови појавувања... периодот кога тој имал контрола врз Мизукаге, периодот кога тој се сретнал со Итачи, перодот кога тој официјално стана член на Акатски, итн. (сите се случуваат во годините после нападот врз Коноха, последователно). Јас мислам дека во периодите кога тој е покриен го користи телото на Обито, затоа што имал потреба да ги покрие недостатоците настанати при несреќата. Доказ дека десната страна на Тоби има недостатоци е фактот дека тој во еден момент ја извади својата рака и потоа ја смени со рака составена од белата смеса од која е составен белиот Зетсу. Исто така, најголем дел од неговото лице е видливо (поконкретно десната страна) во моментот кога Тоби сакаше да ја извади маската пред Саске, и во таа сцена вивидно се гледаат лузни – исто така резултат на несреќата. Јас мислам дека треба да се земе во предвид луцидноста на Обито во моментот кога тој се збогуваше со Рин и Какаши, што е доказ дека неговата глава не претрпела големи повреди и дека тој имал поголеми повреди на своето тело (особено раката и ногата).

Друг важен фактор за моето размислување (а воедно и најголем доказ за мене) е фактот дека Тоби ја користи техниката Space-Time Migration, која е многу слична на техниката Kamui која ја користи Какаши. Една од поважните карактеристики на Шаринганот, нели, е уникатноста на моќите кај секоја личност индивидуално, па затоа мислам дека ова не е случајно. Јас мислам дека сличностите на овие две техники потекнуваат од тоа дека окото кое Какаши го користи е на Обито, а Тоби го користи телото на Обито во кое е имплантиран Eternal Mangekyo на вистинскиот Мадара. Поради тој Eternal Mangekyo, но и различностите во гените и тренингот на Какаши и Тоби, постојат некои различности помеѓу двете техники. Но, важно е дека базата на техниката е иста и дека Тоби не ја користи оваа техника во борбата против Минато, што и ја докажува мојата теорија дека во тоа време било користено тело на друга личност, а не на Обито.
Има и некои други мали детаљи кои што ме водат кон ова размислување, но постов веќе ме плаши.

Мислам дека сето ова што се случува (воглавно плановите на Тоби и Зетсу) е дел од долгорочните планови на вистинскиот Мадара, кој (кога беше оживеан со Едо Тенсеи) веќе знаеше за војната и кој ја започнал. Не беше воопшто изненаден, веднаш застана на страна на личноста која ја води војната, без дури и да се сретен лично со неа.

А, за окото на Данзо – тој не го имаше имплантирано окото на Обито, туку окото на Шисуи (најдобриот другар на Итачи). За десното око на Обито ништо официјално не се знае.
Имаш интересна теорија, нешто слично на идејата на Орочимару за вечен живот. Oсобено e интересна повразаноста на Камуи со space-time ninjutsu-то на Тоби, ама Тоби користеше space-time ninjutsu за време на борбата со Минато. Сепак ако Тоби претставува vessel на душата на Мадара, тогаш Мадара не би можел да биде оживеан со Edo Tensei. Бидејќи за да можеш да бидеш повторно вратен во живот, треба твојата душа целосно да биде на оној свет. Таков е примерот со сите Хокаге, врз кои е искористен Death Reaper (мислам така се викаше) seal за да биде оневозможено нивно враќање во живот. А вистина е дека има некаква поврзаност помеѓу Тоби и Мадара, бидејќи двајцата сметаат дека треба да се воспостави Eye of the Moon plan, односно да го стават целиот свет во Генџицу. Тоа несомнено значи дека тие меѓусебно соработувале во минатото но и покрај тоа и двјацата имаат голем број на сличности. И двјацата имаат голема омраза кон Коноха, особено кон Сенџу кланот, двјацата поседуваат огромни знаења и моќи, двајцата може да ја контролираат Nine Tail Fox итн... Но ако двајцата можат да постојат истовремено тогаш е исклучен фактот дека се еден ист човек. Што се однесува на поделената личност на Тоби, неговото детско однесување, според мене, претставува само глума пред другите членови на Акатски, претсавувајќи се како нивен најслаб член, а всушност е нивен лидер. Но неговиот идентитет не е единствената мистерија која го обвиткува. Во борбата со Конан исто така видовме дека Тоби може да го употреби и Izanagi, што значи дека тој поседува Senju DNA, исто така Тоби тврдеше и дека тој му го дал Rinnegan-от на Нагато. Во последните неколку чаптери отркивме дека и Мадара, поседува Senju DNA, дека успеал да го развие Rinnegan-от и дека не загинал во борбата со Хаширама, како што сите мислеле.
Затоа мое мислење е дека Тоби и Мадара заедно работеле на планот за eternal genjutusu, се додека Мадара не починал во неразјаснети услови.
Тука имаше уште една интересна теорија за тоа дека Тоби е всушност Изуна, братот на Мадара, ама неможам да ја најдам :)
--- надополнето: 21 јули 2012 во 11:16 ---
Да не се дозна кој беше во ковчегот кој Кабуто му го презентира на Тоби и го запрепасти ?
Да, внатре беше вистинскиот Madara Uchiha, со тоа што Тоби сфати дека Кабуто знае дека тој не е оној за кој се претставува.
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Очекував баш ваков одговор, не можам сама да ги опфатам сите детаљи и да ја побијам оваа теорија. Ти ме претрка со твојот пост, а јас сакав да си ја поправам грешката за Space-Time Migration. Се сетив дека всушност Тоби ја користеше во борбата против Минато. Сега, или нема никаква врска меѓу техниката Kamui на Какаши и оваа, или пак сета теорија е неточна.
Инаку, ми се допаѓа твојот одговор во целост, особено делот кaде што кажа дека за да можеш да бидеш повторно вратен во живот, треба твојата душа целосно да биде на оној свет. Јас ова никогаш не сум го земала предвид.
Твоите мислења ме водат кон тоа дека има голема поврзаност меѓу Тоби и Мадара. Можеби тие се познавале и така ги изградиле истите мислења и идеали.

Зетсу, можеби работел само за Тоби (но не и Мадара) и затоа Тоби знае сè. Сепак Зетсу првично е шпион. Интересно е дека тој ја посведочи борбата помеѓу Наруто и Саске во Valley of the End, и рече дека ќе одел да му каже нему. Постојано известува. Од него Тоби знае сѐ за Мадара (во случај да не се познавале) и лесно му е да се претставува како него.

За Сенџу ДНК, мислам дека Тоби ја има од белата смеса.

За детското однесување на Тоби, не можам да поверувам дека за Кишимото е тоа само начин да се снајде Тоби во Акатски. Повеќе мислам дека е некој знак (hint) за нешто понатаму.

Треба малку да се разгледа Изуна, можно е и тоа. :)
 
2

~2A

Гостин
Значи овие Паин групава колкууу ги мразам..... :mad:
Утаката..... :place:
 
Добро е што има некој со кој може да се дискутира :D
Познанството помеѓу Мадара и Тоби не е нагаѓање, тоа е факт. Мислам дека Мадара откако беше оживеан, не ми текнува во кој чаптер од мангата точно, тоа го потврди. Мадара својта Senju DNA успеал да ја собере од борбата со Хаширама Senju, првиот хокаге.
Е сега таа бела смеса, која ја има Тоби, можеби и содржи Senju DNA која Кабуто ја извади од Јамато и ја имплементира во Зетсу. Но мислам дека таа моќ на регенерација Тоби ја користел и пред појавувањето на Кабуто. Односно во борбата со Торуне и Фо ( мислам така се викаа ) кои беа обезбедување на Данзо тој ја изгуби раката, но потоа успеа да ја обнови. Поради тоа сметам дека тој поседува Senju DNA уште пред да го запознае Кабуто.
Потеклото на Зетсу е исто така е мистерија, тој е претставен како слуга на Мадара кој нема никакви чувства, ниту свои размислувања ниту сеќавања. Имаше многу теории дека тој е Обито, дека Тоби правел експерименти врз него и такви работи...

За теоријата за Изуна
Изуна и Мадара биле најсилните меѓу Учиха. И двајцата успеале први да го разбудат Mangekyo Sharingan-от и со тоа станале лидери на својот клан. Според Тоби, Изуна доброволно му ги дал своите очи на Мадара, за овој да успеа да го развие својот eternal mangekyo sharingan, но никаде не спомнува дека тој починал, а според тоа како се обвиваат работите во мангата, Изуна како еден од најсилните Учиха лесно би можел да си обезбеди нови очи. Притоа ако Тоби е Учиха, тој сигурно бил еден од најсилните Учиха, а за друг освен овие 2ца, Изуна и Мадара, немаме слушнато, со исклучок на Шисуи и Итачи кои не се во игра. Тоа се согласува и со фактот што Тоби има огромна омраза кон Коноха, но и кон својот Учиха клан, која се должи на тоа што Учиха се откажала од Мадара и не го прифаќале како свој лидер. Притоа тука е и фактот што Изуна воопшто не беше оживеан од страна на Edo Tensei, а тој како еден од ретките Учиха со Mangekyo Sharingan, сигурно би бил еден приоритетните шиноби кои би требале да бидат оживеани... :)
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Не ни е директно кажано дека се познаваат Тоби и Мадара, тоа е и дел од целата мистерија во врска со нив. Во моментот кога Мадара разговараше со Кабуто, преку еден од шинобите вратени во живот, тој зборуваше како да знае кој ја започнал војната, но во ниеден момент не го нарече по име (Кишимото го крие тоа од нас сè уште). Но, важно тоа докажува дека тој е запознаен со плановите на Тоби, што можеби укажува дека тие се познаваат. Само интересно е тоа што Мадара - кој умрел пред многу години - знае за плановите и кој стои зад нив. Според тоа, зад Тоби најверојатно стои некој кој е вратен во живот на некој начин, или пак некој кој си го продолжил својот живот. Доколку тој е некој што си го продолжил својот живот, зашто чекал толку години за да го започне својот план и да го формира Акатски? – ова не можам да си го одговорам.

Да, Торуне и Фо беа, и во таа борба видовме дека дел од телото на Тоби е составено од белата смеса. Инаку, белата смеса дефинитивно содржи Сенџу ДНК, бидејки Тоби го создал белиот Зетсу од клетки земени од Хаширама. Додека читав јас разбрав дека Кабуто не е тој што ги донел клетките на Хаширама за да се мултиплицира Зетсу, туку тоа веќе било направено од страна на Тоби. Мислам дека Јамато го користеа за да ја зголемат моќта на смесата за да направат уште поголем број на Зетсу (Зетсиња, хаха :ROFLMAO: ), за што всушност беше заслужен Кабуто. Клонот на Хаширама, што излегува од големото дрво составено од бела смеса во Mountains’ Graveyard, е резултат на експериментите на Тоби.

Зетсу е навистина мистерија. До сега изгледа дека Зетсу му е слуга на Тоби, но не видовме никаква интеракција на Зетсу со Мадара, па не знаеме дали му служел и нему. Инаку, тој во ниеден случај не му се обраќа на Тоби со Мадара, туку исклучиво со Тоби, што мене секогаш ми паѓа во очи. Кога зборуваме веќе за теории, може да се спомене и една поневеројатна тоерија – дека Тоби е некоја комбинација на црниот и белиот Зетсу. Очигледно е дека црниот Зетсу е постар од белиот. Ако земеме во предвид дека белиот е создаден од страна на Тоби, тогаш која била причината за неговото создавање? И, каде е другата половина на црниот? Дали имало некоја посебна причина тој да биде поделен? Исто така, се знае дека црниот е тој што има моќ да снима настани и потоа на некој непознат начин да му ги прикаже тие настани на Тоби. Тука може да се додаде и појавата на двојна личност кај Тоби, како што е и Зетсу. Интересно е и дека црниот Зетсу може да користи техника која е многу слична на техниката која ја употребува Тоби – кога тој се движи низ земја, низ карпи, итн. Според мене, торијава е тотално луда, но сепак интересно е како во сè Кишимото успеал да остави повеќе можности за различни теории, што е страшно забавно. :)

Се согласувам дека теоријата за Изуна е интересна и не би се изненадила ако тој е вмешан во целово случување, бидејки тој сигурно има мотив да биде зад планот Eye of the Moon.

А, еве дел од моите размислувања за начинот на цртање на Кишимото и колку тоа може да биде показател на идентитетот на Тоби (ако воопшто може). :confused: Кога ги црта очите и изразите, обично внимава многу на формата, и секој лик има посебна и карактеристична форма и истата ја задржува и со годините.
Еве го Наруто, пред Шипуден и во Шипуден:
naruto.png

Еве го и Саске:
sasuke.png

Итачи:
itachi.png

Обито и Тоби (бидејќи мене ми се многу слични нивните очи, горе е Обито со различен израз, а долу Тоби):
obito & tobi.png

А, еве го и Мадара. Кај него окото кога е помлад е многу слично на она на Тоби, но кога е постар е многу поразлично. Можеби Кишимото намерно прави замки.
madara.png
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Еве се прибрав дома и ја разработив малку мојата теорија дека Тоби е Обито. Но, ова е лично моја теорија и воопшто нема да се изненадам ако на крајот излезе нешто друго. Кишимото сака да ги изненадува своите читатели со неверојатни случувања. Затоа јас сум отворена за која било теорија. Би сакала да видам како и другите размислуваат, па затоа и го пишувам ова. Да напоменам дека постов има спојлери за оние кои сѐ уште не се во тек.

Сметам дека Тоби е Мадара или дел од него кој го користи телото на Обито. Неговата двојна личност е една од повеќето индикации дека тоа е возможно. Во моментите кога Тоби е претставен како весел лик, Обито успева да надвладее, меѓутоа Мадара го потиснува во моментите кога нему му одговара да се претстави како Мадара Учиха.

Важно за оваа теорија е дека Зетсу работи за Тоби, односно за Мадара. Јас мислам дека тој, по наредба на Мадара, со техника го вратил Мадара во живот и дел од таа техника е да користи тело од друг Учиха. Единствен начин како тој би земал тело на Учиха (без да биде предупреден кланот, како заштитник на Шаринганот) е доколку се случи нешто како што му се случи на Обито - смрт под неразјаснети околности. Доказ за мене дека Зетсу работел за Мадара, како шпион и десна рака, е дека тој живее веќе многу години и посведочил многу настани од минатото. Исто така, неколку пати Тоби кажа дека тој не е комплетен и негов план е да стане комплетен, што и според мене е еден доказ за теоријава.

Во врска со возраста на Обито во времето кога бил извршен нападот врз Коноха - јас мислам дека тој тогаш имал 14 години. Тука изгледа дека е невозможно тој да биде Тоби, бидејки тогаш би имал тело на тинејџер, додека Тоби има тело на возрасен човек. Меѓутоа, ова е единствениот момент кога Тоби е нецелосно покриен, вклучувајќи ги и ракавиците. Во тоа време, претпоставувам дека некој друг бил носител (vessel) на Мадара, додека тој чекал телото на Обито да биде спремно (целосно здраво).
Треба да се земе во предвид покриеноста на телото на Тоби во следните негови појавувања... периодот кога тој имал контрола врз Мизукаге, периодот кога тој се сретнал со Итачи, перодот кога тој официјално стана член на Акатски, итн. (сите се случуваат во годините после нападот врз Коноха, последователно). Јас мислам дека во периодите кога тој е покриен го користи телото на Обито, затоа што имал потреба да ги покрие недостатоците настанати при несреќата. Доказ дека десната страна на Тоби има недостатоци е фактот дека тој во еден момент ја извади својата рака и потоа ја смени со рака составена од белата смеса од која е составен белиот Зетсу. Исто така, најголем дел од неговото лице е видливо (поконкретно десната страна) во моментот кога Тоби сакаше да ја извади маската пред Саске, и во таа сцена вивидно се гледаат лузни – исто така резултат на несреќата. Јас мислам дека треба да се земе во предвид луцидноста на Обито во моментот кога тој се збогуваше со Рин и Какаши, што е доказ дека неговата глава не претрпела големи повреди и дека тој имал поголеми повреди на своето тело (особено раката и ногата).

Друг важен фактор за моето размислување (а воедно и најголем доказ за мене) е фактот дека Тоби ја користи техниката Space-Time Migration, која е многу слична на техниката Kamui која ја користи Какаши. Една од поважните карактеристики на Шаринганот, нели, е уникатноста на моќите кај секоја личност индивидуално, па затоа мислам дека ова не е случајно. Јас мислам дека сличностите на овие две техники потекнуваат од тоа дека окото кое Какаши го користи е на Обито, а Тоби го користи телото на Обито во кое е имплантиран Eternal Mangekyo на вистинскиот Мадара. Поради тој Eternal Mangekyo, но и различностите во гените и тренингот на Какаши и Тоби, постојат некои различности помеѓу двете техники. Но, важно е дека базата на техниката е иста и дека Тоби не ја користи оваа техника во борбата против Минато, што и ја докажува мојата теорија дека во тоа време било користено тело на друга личност, а не на Обито.
Има и некои други мали детаљи кои што ме водат кон ова размислување, но постов веќе ме плаши.

Мислам дека сето ова што се случува (воглавно плановите на Тоби и Зетсу) е дел од долгорочните планови на вистинскиот Мадара, кој (кога беше оживеан со Едо Тенсеи) веќе знаеше за војната и кој ја започнал. Не беше воопшто изненаден, веднаш застана на страна на личноста која ја води војната, без дури и да се сретен лично со неа.

А, за окото на Данзо – тој не го имаше имплантирано окото на Обито, туку окото на Шисуи (најдобриот другар на Итачи). За десното око на Обито ништо официјално не се знае.
има логика до некаде оваа теорија и да Мадара сигурно има некаква врска со тоби но целосната мистерија останува неоткриена..
и да се надоврзам со твојата теорија...
кога бил нападот врз коноха мислам дека Тоби бил Шисуи Учиха секако под некаква контрола на Мадара.Инаку Шисуи е најдобриот пријател на Итачи кој тој го уби за да го добие Мангекјо Шаринганот. Но дали го уби ? Познато е и дека Шисуи добро го влаедеел неговиот Мангекјо Шаринган па можеби и тој не умрел. Можеби тој користел Генџитсу за да го залаже Итачи дека го убил него..
исто така се совпаѓа и визичкиот изглед на Тоби и Шисуи..

и само едно ми е најголема мистерија околу тоби..
од каде му ринеганот на Тоби ? Дали од нагато го извадил ини нашол некоја врска со Sage of six paths ?
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Не знам дали си во тек со мангата, бидејќи за Шисуи се кажува многу (особено за вечерта кога умрел), па да не ти кажам некој спојлер. Добро е што се прашуваш дали Итачи го убил. Косата на Шисуи личи на косата на Тоби, но очите им се многу различни. А, и возраста на Шисуи не се совпаѓа со случувањата во врска со Тоби, па затоа и не верувам дека може тој да е Тоби.

Ринеганот на Тоби му е од Нагато. Прво тој му го дал на Нагато, па потоа пак го зеде од него, по неговата смрт.
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
добро заклучивме некои работи.
некаде прочитав дека Тоби има шанси да има и трето око..
дека можеби тоа му ја дава моќта да ги контролира опашестите зверови (колку глупо звучи на македонски)..
и има уште една теорија..
дека Тоби заправо е еден од синовите на Сагето. Постариот поточно.
оној од кој го формирал Учиха кланот ако не се лажам.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.262
Поени од реакции
1.335
Не ни е директно кажано дека се познаваат Тоби и Мадара, тоа е и дел од целата мистерија во врска со нив. Во моментот кога Мадара разговараше со Кабуто, преку еден од шинобите вратени во живот, тој зборуваше како да знае кој ја започнал војната, но во ниеден момент не го нарече по име (Кишимото го крие тоа од нас сè уште). Но, важно тоа докажува дека тој е запознаен со плановите на Тоби, што можеби укажува дека тие се познаваат. Само интересно е тоа што Мадара - кој умрел пред многу години - знае за плановите и кој стои зад нив. Според тоа, зад Тоби најверојатно стои некој кој е вратен во живот на некој начин, или пак некој кој си го продолжил својот живот. Доколку тој е некој што си го продолжил својот живот, зашто чекал толку години за да го започне својот план и да го формира Акатски? – ова не можам да си го одговорам.

Да, Торуне и Фо беа, и во таа борба видовме дека дел од телото на Тоби е составено од белата смеса. Инаку, белата смеса дефинитивно содржи Сенџу ДНК, бидејки Тоби го создал белиот Зетсу од клетки земени од Хаширама. Додека читав јас разбрав дека Кабуто не е тој што ги донел клетките на Хаширама за да се мултиплицира Зетсу, туку тоа веќе било направено од страна на Тоби. Мислам дека Јамато го користеа за да ја зголемат моќта на смесата за да направат уште поголем број на Зетсу (Зетсиња, хаха :ROFLMAO: ), за што всушност беше заслужен Кабуто. Клонот на Хаширама, што излегува од големото дрво составено од бела смеса во Mountains’ Graveyard, е резултат на експериментите на Тоби.

Зетсу е навистина мистерија. До сега изгледа дека Зетсу му е слуга на Тоби, но не видовме никаква интеракција на Зетсу со Мадара, па не знаеме дали му служел и нему. Инаку, тој во ниеден случај не му се обраќа на Тоби со Мадара, туку исклучиво со Тоби, што мене секогаш ми паѓа во очи. Кога зборуваме веќе за теории, може да се спомене и една поневеројатна тоерија – дека Тоби е некоја комбинација на црниот и белиот Зетсу. Очигледно е дека црниот Зетсу е постар од белиот. Ако земеме во предвид дека белиот е создаден од страна на Тоби, тогаш која била причината за неговото создавање? И, каде е другата половина на црниот? Дали имало некоја посебна причина тој да биде поделен? Исто така, се знае дека црниот е тој што има моќ да снима настани и потоа на некој непознат начин да му ги прикаже тие настани на Тоби. Тука може да се додаде и појавата на двојна личност кај Тоби, како што е и Зетсу. Интересно е и дека црниот Зетсу може да користи техника која е многу слична на техниката која ја употребува Тоби – кога тој се движи низ земја, низ карпи, итн. Според мене, торијава е тотално луда, но сепак интересно е како во сè Кишимото успеал да остави повеќе можности за различни теории, што е страшно забавно. :)

Се согласувам дека теоријата за Изуна е интересна и не би се изненадила ако тој е вмешан во целово случување, бидејки тој сигурно има мотив да биде зад планот Eye of the Moon.

А, еве дел од моите размислувања за начинот на цртање на Кишимото и колку тоа може да биде показател на идентитетот на Тоби (ако воопшто може). :confused: Кога ги црта очите и изразите, обично внимава многу на формата, и секој лик има посебна и карактеристична форма и истата ја задржува и со годините.
Еве го Наруто, пред Шипуден и во Шипуден:
Прегледај го приврзокот 46440

Еве го и Саске:
Прегледај го приврзокот 46441

Итачи:
Прегледај го приврзокот 46443

Обито и Тоби (бидејќи мене ми се многу слични нивните очи, горе е Обито со различен израз, а долу Тоби):
Прегледај го приврзокот 46444

А, еве го и Мадара. Кај него окото кога е помлад е многу слично на она на Тоби, но кога е постар е многу поразлично. Можеби Кишимото намерно прави замки.
Прегледај го приврзокот 46445
Изгледа јас погрешно го имам интерпретирано делот кога Мадара зборува за тоа дека знае кој ја има започнато војната.
Иначе велиш дека Мадара бил умрен многу одамна. Но тој самиот кажа дека успеал да ја преживее борбата со Хаширама, во која повеќето сметале дека умрел. Од тука ние не знаеме кога умрел Мадара, можеби умрел неколку години пред да се случи војната и слично. Зошто Тоби морал да чека толку време за да ги формира Акатски? Јас мислам дека одговорот тука лежи во Нагато. Можеби чекал да најде дете во кое би можел да го вметне Rinnegan-от, сигурно неможе секој човек да го носи. А можеби тој и воопшто не е толку стар колку што ние мислиме дека е.
Поврзаноста помеѓу Тоби и Зетсу е голема. Не би се изненадил ако оваа твоја теорија е донекаде вистинита, затоа што можноста Тоби да заменува делови од своето тело напревени од таква бела материја исто како Зетсу не е случајност.
Што се однесува на очите, тука може да има и некоја вистина, а може и да биде чиста случајност :) .

добро заклучивме некои работи.
некаде прочитав дека Тоби има шанси да има и трето око..
дека можеби тоа му ја дава моќта да ги контролира опашестите зверови (колку глупо звучи на македонски)..
и има уште една теорија..
дека Тоби заправо е еден од синовите на Сагето. Постариот поточно.
оној од кој го формирал Учиха кланот ако не се лажам.
Јас колку што знам и Тоби и Мадара можат да ги контролираат Bijuu-та благодарение на својот Шаринган. Ако ти текнува во една борба помеѓу Sasuke и Naruto, кога Sasuke успеа да влезе во потсвеста на Naruto и се сретна со Nine Tail Fox, лисицата успеа да ги препознае очите и беше видно уплашена од нив.
Ако Тоби беше основачот на Uchiha, тогаш тој би бил многу попознат од Мадара, па не би требало да се крие зад ликот на Мадара. Затоа што според приказната, тие синови би требало да бидат посилни од нивните деца...
Иначе јас пред некој ден читав една теорија дека Тоби е третиот син на сагето. Дека кога Сагето ја поделил моќта помеѓу Senju i Uchiha, третиот брат не добил ништо. Тоа би објаснило од каде Тоби поседува Senju DNA i Sharingan, но не објаснува зошто тој би се здружил со Mадара, ниту пак зошто би ги користел клетките oд Хаширама ако самиот би имал Senju DNA.
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Изгледа јас погрешно го имам интерпретирано делот кога Мадара зборува за тоа дека знае кој ја има започнато војната.
Иначе велиш дека Мадара бил умрен многу одамна. Но тој самиот кажа дека успеал да ја преживее борбата со Хаширама, во која повеќето сметале дека умрел. Од тука ние не знаеме кога умрел Мадара, можеби умрел неколку години пред да се случи војната и слично. Зошто Тоби морал да чека толку време за да ги формира Акатски? Јас мислам дека одговорот тука лежи во Нагато. Можеби чекал да најде дете во кое би можел да го вметне Rinnegan-от, сигурно неможе секој човек да го носи. А можеби тој и воопшто не е толку стар колку што ние мислиме дека е.
Поврзаноста помеѓу Тоби и Зетсу е голема. Не би се изненадил ако оваа твоја теорија е донекаде вистинита, затоа што можноста Тоби да заменува делови од своето тело напревени од таква бела материја исто како Зетсу не е случајност.
Што се однесува на очите, тука може да има и некоја вистина, а може и да биде чиста случајност :) .

Јас колку што знам и Тоби и Мадара можат да ги контролираат Bijuu-та благодарение на својот Шаринган. Ако ти текнува во една борба помеѓу Sasuke и Naruto, кога Sasuke успеа да влезе во потсвеста на Naruto и се сретна со Nine Tail Fox, лисицата успеа да ги препознае очите и беше видно уплашена од нив.
Ако Тоби беше основачот на Uchiha, тогаш тој би бил многу попознат од Мадара, па не би требало да се крие зад ликот на Мадара. Затоа што според приказната, тие синови би требало да бидат посилни од нивните деца...
Иначе јас пред некој ден читав една теорија дека Тоби е третиот син на сагето. Дека кога Сагето ја поделил моќта помеѓу Senju i Uchiha, третиот брат не добил ништо. Тоа би објаснило од каде Тоби поседува Senju DNA i Sharingan, но не објаснува зошто тој би се здружил со Mадара, ниту пак зошто би ги користел клетките oд Хаширама ако самиот би имал Senju DNA.
за тоа дека синот на сагето мора да е посилен од Мадара не мора да значи..
и прв пат слушам дека Сагето имал и трет син. Каде се спомнува ? :) и ако сакаш линк од теоријава баш ме занима :rolleyes:
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.262
Поени од реакции
1.335
за тоа дека синот на сагето мора да е посилен од Мадара не мора да значи..
и прв пат слушам дека Сагето имал и трет син. Каде се спомнува ? :) и ако сакаш линк од теоријава баш ме занима :rolleyes:
Да не мора дa значи, сепак за синовите на сагето знаеме многу малце.
Еве го линкот http://www.forums.endless-naruto.com/general-discussion-news/naruto-tobis-true-identity-8400/
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Изгледа јас погрешно го имам интерпретирано делот кога Мадара зборува за тоа дека знае кој ја има започнато војната.
Иначе велиш дека Мадара бил умрен многу одамна. Но тој самиот кажа дека успеал да ја преживее борбата со Хаширама, во која повеќето сметале дека умрел. Од тука ние не знаеме кога умрел Мадара, можеби умрел неколку години пред да се случи војната и слично. Зошто Тоби морал да чека толку време за да ги формира Акатски? Јас мислам дека одговорот тука лежи во Нагато. Можеби чекал да најде дете во кое би можел да го вметне Rinnegan-от, сигурно неможе секој човек да го носи. А можеби тој и воопшто не е толку стар колку што ние мислиме дека е.
Поврзаноста помеѓу Тоби и Зетсу е голема. Не би се изненадил ако оваа твоја теорија е донекаде вистинита, затоа што можноста Тоби да заменува делови од своето тело напревени од таква бела материја исто како Зетсу не е случајност.
Што се однесува на очите, тука може да има и некоја вистина, а може и да биде чиста случајност :) .
Мислам дека Мадара е одамна умрен бидејќи со Едо Тенсеи излезе млад (или младолик?, навистина не знаеме колку е стар), но не можам да знам. Не сум сигурна дали техниката ги враќа какви што биле кога умреле. За тоа со Нагато се согласувам.
А, како ти го разбираш тоа кога Мадара зборува за војната?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.262
Поени од реакции
1.335
Мислам дека Мадара е одамна умрен бидејќи со Едо Тенсеи излезе млад (или младолик?, навистина не знаеме колку е стар), но не можам да знам. Не сум сигурна дали техниката ги враќа какви што биле кога умреле. За тоа со Нагато се согласувам.
А, како ти го разбираш тоа кога Мадара зборува за војната?
Па мислев дека Мадара со сигурност зборува за Тоби, но откако ги препрочитав чаптерите, сфатив дека тој зборува за некого непознат во трето лице. Исто така зборува дека неговото тело поседува некоја тајна, која била запишана на " The Uchiha Monument". Но сепак иако со сигурност неможам да тврдам, верувам дека Мадара го познавал Тоби. Како што можеме да забележиме, кога Мадара излезе од ковчегот, прво го спомна Нагато, сметајќи дека тој го оживеал. Бидејќи Тоби е оној кој на Нагато му го дал Rinnegan-от и го водел низ неговиот живот, можеме да заклучиме дека оживувањето на Мадара било планирано од страна на Тоби и самиот Мадара. Од тука сметам дека Тоби е некој близок човек на Мадара.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom