Narcos (2015)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zedd
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се сеќавам добро (зошто ја гледавме пред цела една година), нели го нападнаа затворот цајканите и Пабло избега?
Незнам чудно заврши. Немаше некој крај, не дадоа дека умре, а не дадоа ни дека избега од затворот, ми се чини.
 
Јас првата сезона ја изгледав во еден ден.
Зарем не заврши кога он е во затвор? Што би било дејството во втората сезона?
Дејствието во втората сезона е бркање на Пабло и на крајот ќе ја има и смртта на Пабло.
 
Ај во порака некој линкче за симнување ако имат
 
Абе цела сезона одеднаш ќе ја има ? ...Или епизода по епизода ?
глеам на нет има веќе 4 епизоди, незнам колку се веродостојни торентиве.
 
Ај во порака некој линкче за симнување ако имат
Абе цела сезона одеднаш ќе ја има ? ...Или епизода по епизода ?
глеам на нет има веќе 4 епизоди, незнам колку се веродостојни торентиве.
На пајртбеј ги имате сите 10 епизоди више излезено, бар ја од таму сите ги симнав и еве сеа сум до средина на 3та.
Може првата епизода беше малце, ама само малце досадна, ама затоа втора и трета си грмат.
 
На пајртбеј ги имате сите 10 епизоди више излезено, бар ја од таму сите ги симнав и еве сеа сум до средина на 3та.
Може првата епизода беше малце, ама само малце досадна, ама затоа втора и трета си грмат.

да да видов сеа, ама прееска само 4 имаше :D
Си грмии. :D
 
И на rarbg ги има сите епизоди.
 
На пајртбеј ги имате сите 10 епизоди више излезено, бар ја од таму сите ги симнав и еве сеа сум до средина на 3та.
Може првата епизода беше малце, ама само малце досадна, ама затоа втора и трета си грмат.
Ако не ти е тешко прати ми порака со линк мене само 1в сезона ми искача.
 
Ептен јака серија, најдобра после GoT секако. :)
Вторава сезона викаат подобра ќе била од првата, па да видиме.

http://stream-tv2.to
Овде иначе ја има за онлајн гледање, ако некој не сака да симнува, ги има сите 10. Јас дури вечер ќе почнам да ја гледам и затоа не знам какви се снимките. Нема превод, ама не верувам да ви е проблем тоа. :)
 
Според мене, оваа сезона е за ниво подоле од претходната, стигнав до 7ма епизода, не дека ми е нешто ептен прејака како првата, али пак си го има стариот добар шмек...
Секако, има јаки моменти, има јаки случки, јаки муабети, јака психолошка обработка на ликовите и во оваа втора сезона. И некако шпанскиот(колумбискиот) премногу ме асоцира на сапуници, али тоа нема везе, се занемарува :D

Единствената замерка на првата сезона беше што премногу истрчаа некако луѓево, ептен кратко го прикажаа подемот на Пабло, само у неколку епизоди, но ете може се остава простор за доработка (можеби некој нова слична серија од иста продукција, нешто што се воведе задниве години со серии од типот на Walking dead- fear the walking dead, и Breaking bad-better call saul), пошто сепак серијава е премногу гледана и популарна за да има само 2 сезони. Има многу анегдоти, има многу дешавки неприкажани, малце можеле осврт да дадат на неговата младост, тинејџерство, што и како се дешавало у Америка у меѓувреме, како дошло до cocaine империјата што ја имал,но и мал милион други ствари. Сепак станува збор за историски криминалец.
За мене, можеше да се развлече дејствието на првата сезона, пошто објективно прејако е да се гледа што праел ескобар кога се искачувал хиерархиски у нарко бизнисот.
Но, од друга страна 2 сезони се повеќе од доволни, можеби еве и 3 за да не стане досадна серијата и да се избегне оној модерен тренд да сите серии имаат по 6+ сезони.
А, ако се продужи со 3та сезона (негде читав на нет дека демек ќе имало), тоа нема да биде она што го гледаме моментално, ќе биде далеку по-тапа (според моја проценка) пошто би требало да се обработува периодот пост-Ескобар.

Сепак, серијава останува една од најunderrated на сите времиња (ипак не дека е до толку андеррејтед, што е релативно). НО, далеку подобра од сите фенси шменси сериици што кружат моментално (чест на исклучоци).

лично и субјективно мое мислење.
Сезона 1 : oценка 9.5
Сезона 2 : оценка 8.5 (досега, мада не верувам дека драстично ќе ми се смени оценава)


п.с онаа Џули Монкада е пичкетина, права латино милфица :D
 
Џуди е стварно милфица ипол (y)

Иначе мене баш поише вторава сезона ми се свиѓаше зошто тука повеќе акција имаше и го глеаш вртоглавиот пад на Пабло.
Е сеа, и ја мислам дека е прекратко ти во 2 сезони да го претставиш целиот криминален живот на Пабло ама јбг. Мислам дека у едно интервју слушнав дека првата сезона опфаќа период од 10 години...
Јако ми е што мислев дека со оваа сезона ќе заврши серијава, ама крајот вика дека треба да има уште :D
 
Ајде сега ќе ја гледам 1 епизода (и така 5 саати ја симнував). :)[DOUBLEPOST=1472927613][/DOUBLEPOST]Првава епизода (2 сезона) е стварно врв. Од се по нешто има. За Wagner Moura немам зборови, професионално го глуми Пабло, едноставно фацата му е за паметење. Те охрабрува, зрачи храброст и голема самодоверба. Одиме понатаму.
 
Последно уредено:
Вторава сезона е ремек дело, oсобено како е портретиран крајот на Пабло.

Ликот што го глуми Пабло е фантастичен актер, иако, тоа лажниот стомак што го носи во секој кадар се забележува дека е фејк. Посебно делот каде што Пабло се враќа на своите корени, и го гледа сето она што обичен човек го има.

Фантастична серија, едвај ја чекам третата сезона.
 
Без спојлери од втората сезона ќе ве мољим... има некој кој си гледаат и во не еден здив... ами во повеќе здивови.. не сакам да ми заврши дрогата за еден ден курац.. си ја дозирам на 1е на ден... првата сезона ако се сеќавам добро излегуваше стандардно 1 епизода неделно... инаку серијава и јас да ја пофалам ако не сум ја пофалил по првата сезона лани.. Самиот ВРВ , Перфекција... Кој не го гледал серијалов гадно се зајебал...[DOUBLEPOST=1472955750][/DOUBLEPOST]Инаку која е типката шо се вози на задно седиште у таксито кога го превезуваат Пабло у ѓепек ? Прва епизода втора сезона ??? Мадона миа.. капка...солза...:love:
 
И трета сезона ќе има? Јас мислев серијава завршува со убивањето на Ескобар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom