Добро напишано.
Али мислам дека во Авганистан нема неутрални луѓе („нормални“ е субјективно па не навлегувам) секој си е со својот клан или племе и ги мрази сите други кланови и племиња (вклучувајки ги Американците, Британците и другите „странски кланови“).
Талибанците се единствена власт што успеала да заведе каков таков ред во Авганистан со воведување на Шеријатот (кој е дури малку по либерален од традиционалниот Паштунвали племенски закон) и со строга примена на истиот.
На Авганистанците нема шанси да им се уведе демократија, макар и лажна демократија како нашата во Македонија и на Балканот. Максимум на кој може да се надеваат Америте е Авганистан да стане нешто како Исламска Република слично на Иран.
ОК, претерав, Иран е далеку поразвијен, помодерен и поцивилизиран од Авганистан, али мислам дека само држава на Исламски темели има какви-такви шанси да се одржи од проста причина што тој народ нема да почитува ништо друго освен Божји збор.
НАТО и компанија се обидуваат да отворат школи и слично за да го подобрат имиџот али џабе е од три причини.
1. Талебанците ги напаѓаат школите како центри на неверничка пропаганда а градежните проекти како слуги на окупаторот.
2. Локалните власти се
корумпирани до коска и ги крадат средствата наменети за обнова на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на народот, а никој не им може ништо зошто тоа се локални шерифи и водачи на своите кланови (кои секако гласаат за својот соплеменик за да не дознаат колку долго живее човек без глава)
3. Надоврзано на точка 2, Владата и НАТО ги контролираат Кабул, Кандахар и базите. Талибанците планините и пештерите а останатото го контролираат локалните шерифи (демократски избрани од точка 2) кои нели се толку корумпирани што ако некој има судски спор со комшијата и после месеци и месеци поткупување на судиите за утре комшијата да даде повеке поткуп па наместо пак исто да се почне судењето и поткупот од почеток, фино лепо си одат кај Талебанците кои пресудуваат по Шеријат и крај (нивата е на Абдула, али трите кози и овцата се на Ахмед, ако не ви се свиѓа ке ви ги исечеме главите ОК?). Ова е првиот чекор на приближување на населението кон герилата. Е сега ако некој проба да ги смени локалните шерифи (пардон, легално изграни представници на неписмениот народ) они како клановски и племенски водачи ке се приклучат на Талебанците и еве то нов проблем.
Најдобро ке биде да се остават Авганистанците да си бркаат работа и на секои 50 - 100 години да се проверува дали дошле барем до 15-16 век со развојот па тогаш да се замисли што да се прави.
Најголема грешка е што западот мисли дека сите едвај чекаат демократија, слободен пазар и еднакви права. Што им значат овие работи на традиционалните затуцани народи како во Афган? Или уште подобро, право на избор како сексуална ориентација и слободен избор на сопружник, има да ги убие нивното семејство.
Како што кажав и порано ова е мое мислење и отворено е за дискусија.
Хајдрич, Смарт Ес и сје, добри сте. Да можам да давам репутација (и да сум сигурен како) би ви дал. (Репутација секако

)