Напад од астероиди и се заканува на Земјата

  • Креатор на темата Креатор на темата [zEUs]
  • Време на започнување Време на започнување

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Водечките научници на Обединетите нации ги предупредуваат луѓето дека со заеднички сили мораат да се борат против астероидите што и се закануваат на нашата планета.
Здружението на вселенски истражувачи тврди дека против тие закани од Вселената може да се бори само со глобално одобрување на таквата борба.
Обединетите нации за овој проблем ќе расправаат во февруари следната година.
Од Здружението на вселенски истражувачи предупредуваат дека последиците од нападот на астероид пред 65 милиони години можело да го предизвика исчезнувањето на диносаурусите, додека падот на астероидот Тунгуска во Сибир во 1908. година предизвикал пожар што зафатил 2.000 квадратни километри, а таков пожар би можел да уништи град голем колку Њујорк.
Според научниците, новата астероидна закана на Земјата би можела да се случи за помалку од 20 години, бидејќи астероидот Апопис треба да помине крај нашата планета, а можноста да нè погоди е еден наспроти 45.000. Ударот во Земјата би бил стотина пати појак од оној што се случил во Сибир.
Британскиот професор Ричард Кровтер тврди дека овие закани треба да се третираат сериозно, бидејќи само еден удар би предизвикал огромен број жртви. Најголем број од астероидите се мали и не претставуваат закана, бидејќи согоруваат во земјината атмосфера. Проблем се оние поголемите, за кои треба да се изнајде решение како да се тргнат од земјината површина.
Најекстремните решенија што се нудат во пренасочувањето на астероидите од нивното движење се слични на оние од филмовите за катастрофи што се прикажуваат во кината, стрелање со нуклеарни бомби или забивање на вселенски брод во заканувачката топка.
Професорот Кровтер тврди дека за пренасочување на астероидот треба да се користи земјината гравитација. Според него, научниците се договориле околу начинот на борба против оваа закана, но дека сега е ред политичарите да се договорат кој и под која институција ќе делува.
ОН овие прашања треба да ги реши во следните две до три години, па да можеме мирно да гледаме во небото без страв од пад на некој астероид врз нашите глави.



А1
 
Абе таман ме израдува, помислив дека фатиле астероид en route за земјава, директно на патека, тоа да ти било стандардното. :) Па добро де, постојано сме под закана на удари од астероиди, ништо ново. Удрил пред 65 милиони години, а сега имало 1:45000 шанси да нè удри. Ајде бе...
...Be afraid!
 
Па и NUBIRU ќе продје во 2012 и сеа што можеме ние„ Освен да се расправаме за политика, друго не не бива.:tv:
 
Ништо... ситница :)
 
А,кога ке помине?Да го пречекаме како што е ред.:salut:
 
ќе не опне и ќе си умриме :toe:

ако не не опне ќе продолжиме да си се караме за политика

опнувањето е спас :kesa:
 
Арно рекол Ханзо... таман помислив дека the day is coming... ова стандардното бла бла...

Па уште и систем за заштита ќе измислувале :pos: ...како веќе да не го имаат :)

Или па ова им е изговорот за да може јавно да претстават некоја примитивна верзија од него :raz:
 
Нема ништо страшно,ке му се јавиме на Bruce Willis,ке дојде со неговата екипа,ке ги викнеме и Aerosmith,ке ни ја отпеат I Don't Wanna Miss a Thing и проблемот е решен!

 
AtoM-AnT:Нема ништо страшно,ке му се јавиме на Bruce Willis,ке дојде со неговата екипа,ке ги викнеме и Aerosmith,ке ни ја отпеат I Don't Wanna Miss a Thing и проблемот е решен!
:pos2:
Може, ама греотка ќе треба да умре заради нас! После наместо Земја планетава ќе ја преименуваме Bruce Willis, во негова чест!
 
AtoM-AnT:Нема ништо страшно,ке му се јавиме на Bruce Willis,ке дојде со неговата екипа,ке ги викнеме и Aerosmith,ке ни ја отпеат I Don't Wanna Miss a Thing и проблемот е решен!
:pos2:
Може, ама греотка ќе треба да умре заради нас! После наместо Земја планетава ќе ја преименуваме Bruce Willis, во негова чест!

a zasto da ne mu se javime na A. J. Frost (t.e. Ben Affleck)
 
Бидејќи Брус Вилис не е во форма во последно време, членовите на Заедницата на истражувачи на вселената повикаа на изградба на глобална мрежа за заштита од удари на небесни тела, кои само во близина на нашата планета во овој момент бројат околу 6.000.

asteroidi.jpg

Бројот на откриени и опишани објекти во вселената околу Земјата до 2020-та година драматично ќе се зголеми, а проценките велат дека може да се искачи и на еден милион. Токму затоа, научниците сугерираат на изградба на светска мрежа за истражување, информирање и одбрана од вселенски објекти под водство на Обединетите Нации.
Зголемувањето на бројот на препознаени потенцијално опасни небесни тела не значи зголемување на веројатноста за нивен удар на нашата планета, но значи дека треба да се зголемат мерките на претпазливост, за да не дојде до евентуална катастрофа.
"Доколку само ја погледнеме Месечината, на која поради недостатокот на атмосфера подобро се конзервираат кратерите од ударите, ќе ни стане јасно дека опасноста од астероидите е актуелна. Впрочем, самата историја на планетата Земја укажува на бројни докази за слични појави", изјави Расел Швајкарт, претседател на Меѓународната група за намалување на опасноста од астероидите.
Со развојот на науката и технологијата постојат многу можности за предвидување и одбрана од вакви потенцијални армагедонски случувања, тврдат научниците, кои ургираат на глобална согласна акција за да се искористат можностите, доколку е потребно. Стручњаците целат кон создавање на мрежи кои би собирале и проценувале информации од различни научни установи и би формирале мерки на заштита.
Според нив, потенцијален судир на некое небесно тело со нашата планета може да се предвиди 10 до 15 години однапред, што по нивното мислење е сосема доволно време за подготовка на соодветни противмерки, како на пример, промена на траекторијата на телото со силен противудар.
Научниците предупредуваат дека причина за алармот не е нивната фасцинираност од филмот "Армагедон" по 127-ми пат - туку, потенцијалната опасност која може да се случи во иднина. Најдобро да се спречи....кога, неможе да се лечи.

http://www.kajgana.com/statija_4212.html
 
E da saka da pukne eden pa se tor top da stane ionaka ne ne biduva za nisto mislam na celoto covestvo vo globala.
 
Да читаше зеус портал Кајгана редовно, пред месец дена ќе знаеше за опасноста, шо ти дава месец дена повеќе....за....учење на молитви, на пример? :)))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom