Ахх, во која приказна од бајките живееш?
Сите знаме колку значат парите во денешниот свет
Еве да те прашам јас тебе нешто дали ти би се заљубила во некој копук шо неможе да ги исполни основните потреби за еден стабилен и нормален живот кој ние сите толку го посакуваме?
Дали ти би се чувстувала сигурна, и би живела еве не мора да навлегувам толку драстично,
Извини, ама јас се заљубувам во човек, а не во хартија. Башка, ако имаме заеднички живот, брак, заедно ќе работиме, заедно ќе создаваме стабилност, нормален и убав живот. Зашто јас нема да бидам домаќинка која ќе зависи од мажот.
ама дали ти би излегла со некој кој нема пари едно кафе да те почасти или да ти овозможи една супер забава барем за Новогодишната Ноќ? Пред се парите па после се друго иде?
$$$$$$$Парите го вртат СВЕТОТ$$$$$$$$$ тоа е факт!
Прво, никогаш дечко ме нема почастено кафе, зашто не сум го дозволила тоа, а ако се случило тоа, наредниот пат ЈАС сум го плаќала кафето. И би излегла на состанок и би му го платила кафето ако он нема средства, не ми е проблем тоа. Не очекувам, ниту сакам машко да ми плаќа кафе или пијачка. А супер забава за Нова Година? Што има он да ми го овозможува тоа? Како прво, јас Нова Година не сакам да ја славам по дискотеки и кафани, туку сакам во мирна атмосфера, а за ништо од ова не ти се потребни ПААААРИИИ.
И не, не го вртат парите светот...барем мојот свет не го вртат.
Незнам дали е добра идеја да се дебатира на темава, зашто ова е сепак прашање на... не знам, вкус(?)...
Ама ај, нека биде...
Не сум изненаден, никот самиот зборува:wink:
Но, љубовта е само причинител на среќа. Всушност љубовта само ја сакаш зошто те прави среќна на специфичен начин. А среќата не ја сакаме за да добиеме ништо друго, не ја користиме како stepping stone до ништо друго. Затоа е и повисоко од љубовта.
Да, ама јас не зборувам за љубов кон партнер. Значи онаа љубов. Спаѓа во таа љубов за која зборувам, но не е само тоа. Љубовта за мене е највисока вредност. Затоа што кога сакаш било што, кога работиш или правиш нешто со љубов, резултатот ќе биде три пати подобар. Исполнетоста која ти ја овозможува љубовта, среќата која ја чувствуваш при тоа. Доволно е да имаш љубов кон животот. Да го сакаш животот. Ако го сакаш животот и тој ќе те сака тебе.:smir:
Значи љубовта е извор за сите позитивни чувства на светот и од таму произлегува смеата, радоста...Но, не мораш да бидеш заљубен во некој за да сакаш. Можеш да го сакаш животот, како што веќе кажав, потоа да ја сакаш работата која ја работиш, да ги сакаш блиските луѓе, да се сакаш самиот себе. Ако се сакаш самиот себе, ќе си го чуваш своето здравје, ќе го негуваш, ќе се пазиш себеси. Да сакаш е најубавото нешто, макар било тоа и првиот снег или првиот паднат есенски лист.:smir: