Највисока вредност во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
Едноставно: Успех.
со самиот успех лесно ќе постигнеш:Богатство,Среќа,Мудрост,Спокој,Љубов,Моќ,Слава и Пријателство

во врска со слободата, зависи кој како ќе ме сфати... но никој не ја посакува слободата... досадна е!

во врска со среќата, па да си успешен во нешто значи и да си среќен со тоа што си успешен.

во врска со љубовта, приајтелите и моќта... сето тоа ќе го здобиеш благодарение на успехот, прво ќе ја добиеш моќта па потоа љубовта и пријателите... на сите ни се случило - пријателите се секогаш тука да ја делат со нас среќата, но никогаш и тагата.

што др да ви расправам... малце е нелогично да бираш од сите овие работи нешто... :) :pos2::wink::helou:

Necrophilia напиша:

зошто не ја одбрав мудроста? велат ако бидеш мудар ќе бидеш и здрав и успешен и ќе имаш се.

Знам многумина што се мудри, но не и успешни.

Знам многумина што се успешни, но никој не ги гледа нив како мудри.
 
за мене е љубовта, нема ништо поубаво од тоа да можеш да сакаш безусловно.
 
Слободата!Без неа,никој од другите избори наведени во анкетата не можат да се исполнат!
 
Сите овие работи заедно според мене ја прават највисоката вредност на животот т.е. тоа според мене е идеалноста на животот зошто секогаш се нешто следува по некое друго односно на пример за да си богат треба да си мудар, да имаш моќ, слобода и др.
 
Среќа. Може да си моќен, мудар,богат,славен, ама ништо од наведеното не ти вреди ако не си среќен, ако не си исполнет, ако не почувствуваш, доживееш, споделиш, предизвикаш чувство на среќа во себе и со блиските.
 
Слободата!Без неа,никој од другите избори наведени во анкетата не можат да се исполнат!
Точно.
Гласам за истото.
Без слобода и слободна волја,сите останати работи се безначајни.
Да креираш живот без слободна волја е исто како да градиш куќа без никаков темел.
 
Па среќата, најнормално. Се што правиме е заради неа. И се друго како слобода, мудрост... ни е потребно за да дојдеме до неа. Среќата е целта на живеењето. Тоа е поентата.
 
Ќе ги оставам на страна повредните работи во животот, според кои го живеам истиот или во кој се борам за нив, па од понудените опции ќе гласам за спокојот. Него го гледам како највредно нешто, затоа што сметам дека врз другите влијаеме така како што се чувствуваме длабоко во себе. Според тоа, најважно е човекот да е спокоен, за да може понатаму да сака, да биде мудар, да постигне успех, да биде добар пријател, да биде среќен и се` по ред. Ако е таков, позитивно делува на околината и поголема е веројатноста и таа така да делува на него, со што доживува уште повеќе и поголеми вредности. Тоа е живеење добар живот.
 
Гласав за љубовта. Тоа е највисоката вредност во животот, дефинитвно. Најбитно е човек да има љубов во себе. Љубов кон тоа што го работи, љубов кон луѓето околу него...љубов кон животот. Од љубовта потекнуваат сите убави работи на светот, затоа за мене таа е и најбитна.
 
$$$$$$$$$$$$$$$$$$ ПАРИ $$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$
Парите носат со себе: љубов,слава, моќ, итн.
 
$$$$$$$$$$$$$$$$$$ ПАРИ $$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$
Парите носат со себе: љубов,слава, моќ, итн.

Парите може носат со себе слава и моќ, ама љубов не носат. Не значи дека ако имаш пари и дека ќе имаш љубов, дека ќе бидеш искрено сакан и почитуван.
 
Парите може носат со себе слава и моќ, ама љубов не носат. Не значи дека ако имаш пари и дека ќе имаш љубов, дека ќе бидеш искрено сакан и почитуван.

Имаш љубов......љубов кон парите :icon_cool... и тоа е љубов нели? :))
А почитува секако ќе бидеш.
 
Парите може носат со себе слава и моќ, ама љубов не носат. Не значи дека ако имаш пари и дека ќе имаш љубов, дека ќе бидеш искрено сакан и почитуван.
Ахх, во која приказна од бајките живееш?
Сите знаме колку значат парите во денешниот свет
Еве да те прашам јас тебе нешто дали ти би се заљубила во некој копук шо неможе да ги исполни основните потреби за еден стабилен и нормален живот кој ние сите толку го посакуваме?
Дали ти би се чувстувала сигурна, и би живела еве не мора да навлегувам толку драстично, ама дали ти би излегла со некој кој нема пари едно кафе да те почасти или да ти овозможи една супер забава барем за Новогодишната Ноќ? Пред се парите па после се друго иде?
$$$$$$$Парите го вртат СВЕТОТ$$$$$$$$$ тоа е факт!

:smir::smir::smir:
 
Zdravjeto...no golo zsravje-ziva bolest, znaci posle zdravjeto, spokojstvoto bidejki stresot e pricina na mnogu bolesti, no za spokojstvo potrebni se mnogu preduslovi koi mnogu od niv ne zavisat od nas.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom