Највисока вредност во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
Мудроста е доблест која понекогаш заборавам да ја користам во дадени моменти, како еден вчера...новиот ден е подобар од претходниот, ако ладно и мудро го пречекаш времето.
 
Гласав за слободата како прво и основно нешто без кое многу од овие работи не би можеле да функционираат.
А лично за мене после слободата се здравјето, среќата и љубовта, а парите, моќта, угледот..на последно место тие како доаѓаат, така и си одат...Сепак за секој различно
 
$$$$$$$$$$$$$$$$$$ ПАРИ $$$$$$$$$$$$$$$$$$$$$
Парите носат со себе: љубов,слава, моќ, итн.
Да, носат се` од тоа што го наброја, но ниедно од нив не е ИСКРЕНО.Сето тоа е ЛАЖНО, отсјај на човековата лицемерност и глупост, ненаситност, среброљубие, не за да се биде среќен за себе, туку среќен пред другите. Да се покаже што се има, но не да се почувстува тоа. Да се има пари за живот, е категорија кон која се стремам. Пари за да одам да посетам некои мои места, да направам некои мои работи, да ги образувам своите деца, да им дадам тоа што им треба. Не очекувај милионите да ти донесат и прегратки со нив.
Гласам за спокој, грижата на совеста е најголемата пијавица која те клука одвнатре, а секој од нас има само едно "внатре", во кое мора да се вселиме со сите свои недостатоци и победи. Ако не направиме доволно место за мирните спомени, тогаш немирот ќе не победи и ќе се вгнезди засекогаш. Зарем има нешто поскапоцено од мирен сон?
 
Незнам дали е добра идеја да се дебатира на темава, зашто ова е сепак прашање на... не знам, вкус(?)...
Ама ај, нека биде...
Гласав за љубовта. Тоа е највисоката вредност во животот, дефинитвно. Најбитно е човек да има љубов во себе. Љубов кон тоа што го работи, љубов кон луѓето околу него...љубов кон животот. Од љубовта потекнуваат сите убави работи на светот, затоа за мене таа е и најбитна.
Не сум изненаден, никот самиот зборува:wink:
Но, љубовта е само причинител на среќа. Всушност љубовта само ја сакаш зошто те прави среќна на специфичен начин. А среќата не ја сакаме за да добиеме ништо друго, не ја користиме како stepping stone до ништо друго. Затоа е и повисоко од љубовта.
Според тоа, најважно е човекот да е спокоен, за да може понатаму да сака, да биде мудар, да постигне успех, да биде добар пријател, да биде среќен и се` по ред.
Ако гледаш така има уште еден мал милјон работи што ти се потребни за човек "да сака, да биде мудар, да постигне успех, да биде добар пријател, да биде среќен и се` по ред". Што е со здравјето, на пример?

Поентата ми е, се што правиме и се што посакуваме е во стремежот да се постигне среќа и да ја одржиме. Затоа ни се потребни и Богатство, Среќа, Успех, Мудрост, Спокој, Љубов, Моќ, Слобода, Слава, Пријателство...
А среќата ја посакуваме самата за себе. Тоа е состојбата во која сакаме да бидеме, а се друго е само патишта до неа, алатки да се добие и да се задржи.
 
Недостасува најважното т.е. она без кое сите овие би изгубиле смисла ЗДРАВЈЕ.
 
Гласав за среќата, зошто сите се стремат кон неа. Исто тука би ја вбројала и љубовта која доведува до среќа
 
Гласав за успех, ама сепак би ја додал и храброста пошто во анкетата ја нема.
 
Ако гледаш така има уште еден мал милјон работи што ти се потребни за човек "да сака, да биде мудар, да постигне успех, да биде добар пријател, да биде среќен и се` по ред". Што е со здравјето, на пример?

Поентата ми е, се што правиме и се што посакуваме е во стремежот да се постигне среќа и да ја одржиме. Затоа ни се потребни и Богатство, Среќа, Успех, Мудрост, Спокој, Љубов, Моќ, Слобода, Слава, Пријателство...
А среќата ја посакуваме самата за себе. Тоа е состојбата во која сакаме да бидеме, а се друго е само патишта до неа, алатки да се добие и да се задржи.

Не си ме прочитал убаво, затоа не си ме ни разбрал. Убаво кажав на почеток "Ќе ги оставам на страна повредните работи во животот, според кои го живеам истиот или во кој се борам за нив, па од понудените опции ќе гласам за спокојот. "
А во врска со среќата ... во право си, но за да ја имаш или почувствуваш ти требаат сите тие наброени работи, а спокојот за да го почувствуваш треба многу помалку, а те прави способен за многу повеќе да добиеш и дадеш.
 
И јас се согласувам со вас, доларите не се највисока вредност во животот! Еврата од друга страна се, иако фунтата повисоко котира сепак за мене еврото. Конечен одговор.
 
Најчесто ги величиме вредностите што ни недостигаат,што ги немаме,барем не во доволна количина.Кој е богат а без љубов, нормално дека ќе рече дека не е се во парите,кој е здрав а без пари нормално дека ќе сака пари и така натаму.

Мене,не дека ми фали,ама здравјето ми има највисока вредност иако повеќето не се свесни за тоа.Џабе ти се и милиони да ги имаш ако имаш некоја неизлечлива болест,еден заб да те заболи одма не можеш да уживаш у ништо,ни у љубов,ни у слобода,ни у што и да е.Додека не изгубиш нешто не сфаќаш колку е вредно и колку ти е потребно.
 
Ахх, во која приказна од бајките живееш?
Сите знаме колку значат парите во денешниот свет
Еве да те прашам јас тебе нешто дали ти би се заљубила во некој копук шо неможе да ги исполни основните потреби за еден стабилен и нормален живот кој ние сите толку го посакуваме?
Дали ти би се чувстувала сигурна, и би живела еве не мора да навлегувам толку драстично,

Извини, ама јас се заљубувам во човек, а не во хартија. Башка, ако имаме заеднички живот, брак, заедно ќе работиме, заедно ќе создаваме стабилност, нормален и убав живот. Зашто јас нема да бидам домаќинка која ќе зависи од мажот.

ама дали ти би излегла со некој кој нема пари едно кафе да те почасти или да ти овозможи една супер забава барем за Новогодишната Ноќ? Пред се парите па после се друго иде?
$$$$$$$Парите го вртат СВЕТОТ$$$$$$$$$ тоа е факт!
Прво, никогаш дечко ме нема почастено кафе, зашто не сум го дозволила тоа, а ако се случило тоа, наредниот пат ЈАС сум го плаќала кафето. И би излегла на состанок и би му го платила кафето ако он нема средства, не ми е проблем тоа. Не очекувам, ниту сакам машко да ми плаќа кафе или пијачка. А супер забава за Нова Година? Што има он да ми го овозможува тоа? Како прво, јас Нова Година не сакам да ја славам по дискотеки и кафани, туку сакам во мирна атмосфера, а за ништо од ова не ти се потребни ПААААРИИИ.
И не, не го вртат парите светот...барем мојот свет не го вртат.


Незнам дали е добра идеја да се дебатира на темава, зашто ова е сепак прашање на... не знам, вкус(?)...
Ама ај, нека биде...

Не сум изненаден, никот самиот зборува:wink:
Но, љубовта е само причинител на среќа. Всушност љубовта само ја сакаш зошто те прави среќна на специфичен начин. А среќата не ја сакаме за да добиеме ништо друго, не ја користиме како stepping stone до ништо друго. Затоа е и повисоко од љубовта.

Да, ама јас не зборувам за љубов кон партнер. Значи онаа љубов. Спаѓа во таа љубов за која зборувам, но не е само тоа. Љубовта за мене е највисока вредност. Затоа што кога сакаш било што, кога работиш или правиш нешто со љубов, резултатот ќе биде три пати подобар. Исполнетоста која ти ја овозможува љубовта, среќата која ја чувствуваш при тоа. Доволно е да имаш љубов кон животот. Да го сакаш животот. Ако го сакаш животот и тој ќе те сака тебе.:smir:
Значи љубовта е извор за сите позитивни чувства на светот и од таму произлегува смеата, радоста...Но, не мораш да бидеш заљубен во некој за да сакаш. Можеш да го сакаш животот, како што веќе кажав, потоа да ја сакаш работата која ја работиш, да ги сакаш блиските луѓе, да се сакаш самиот себе. Ако се сакаш самиот себе, ќе си го чуваш своето здравје, ќе го негуваш, ќе се пазиш себеси. Да сакаш е најубавото нешто, макар било тоа и првиот снег или првиот паднат есенски лист.:smir:
 
Здравје, тој што има здравје е најбогат човек на планетата, а после доаѓа среќата а пак ако си здрав ќе бидеш и среќен...:pipi:
 
Среќа...
Сите ние правиме нешта, бараме начини да дојдеме до среќата.Некој со помош на пари, друг со љубов, трет по некој друг начин.Сите со заедничка цел да бидат среќни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom