Би било добро да пишувате места каде што сте биле повеќе од еднаш, да не биде само "ми се погоди вака или онака".
За мене најконстантно добра услуга има во Џино, пред се зашто се истите келнери, зимаат солидни плати и се задоволни од работата, па тоа задоволство го пренесуваат и врз тебе.
За најлошо не коментирам, бидејќи ако еднаш ме услужиле лошо, гледам тоа место да го избегнувам по секоја цена. Би кажал еве во кафичот Конак, закажував за дипломска да частам таму, преку врски и тоа, а ме преебаа максимално и се правеа дека не ме знаат. Затоа сега кога и на нив им треба помош во одреден дел од работењето, добиваат иста услуга.