Неможам многу да зборам за Скопје бидејќи сум работел како конобар и знам дека може едноставно некој предходно да те изнервирал до максимум со неговите 60 денари зак афе што ќе ги даде да се осетите подолу од гомце.
Но затоа ако не е угостителство можам да зборам за госпоѓата со бујно деколте, права милфица во поштата на правен факултет. Факат, па таа скоро од секој студент зема по 2 денари кога уплаќаат, наместо кусур од 5 денари таа враќа 3 денари. Приметете ако уплаќате кај неа.
Но, за Тетово е друга работа... Незнам дали има некој од тетовчани јадено во Еми сендвичарата и нејзините драг газда Ранко.
Чичкото беше ок, секогаш без насмевка, колку цела дланка подолги ракави, и кога ќе нарачаш сендвич ќе те праша дали сакаш краставички, ти као клинац ќе кажеш да сакам. Тој ќе го лижне прстот, како пари да врти, па ќе земе од краставичките и ќе ти стави во сендвич. Многу приказни за тој човек, стварно многу
А од угостителство се знае, сите ти се пријатели или другари по кафичите, кафаните, па скоро секогаш солидно поминуваш, никогаш го нема односот вработен клиент.
Да не влезеш во Катастар, нервен слом добиваш, исто за било каква административна работа, као пари да им земаш а не да има даваш.
Додека за Vip, T-Home, One, и такви наплатни пунктови, неможат тетовчани да се пожалат, бидејќи дечките таму стварно работат со неписмени планинари кои незнаат ни колкава сума треба да платат, ниту пак знаат што е СМС.
За било што треба да се има разбирање, можеби во првите 3-4 зборови да им ја осетам огорченоста од претходниот клиент, но ако тоа не поминува со следната реченица и не ја смени атмосферата, како клиент сум должен да го информирам како се однесува. Доколку истото го направам во некој бутик, или трговско место каде што не се плаќа данок, без фискална во Тетово, можам на клоци да бидам избркан.