Најстрашен филм што го имате гледано

  • Креатор на темата Креатор на темата Mikiyo San
  • Време на започнување Време на започнување
Од кожа ме извадиле филмови со деца - духови - убијци (Хоророт од Амитивил, Прстенот) или хорор филмови кои се базирани врз вистинска приказна (Егзорцизмот на Емили Роус, Истерувач на ѓаволот)
Од хорорите The Grudge и Психо сум гледала само одредени сцени кои ме разубедиле да не си го изложувам срцето на ризик
Филмови од типот на Дракула, Врколаци, Петок 13 воошто не ме плашат ама овие горенаведените и тоа како ме стресиле:vozbud:
 
Сите хорори ми се страшни, некои повеќе некои помалку, ама ни еден не можам да одвојам. Па затоа обично си земам комедии, бар ако умрам од смеење да е, не од страв :) А хорор или преку ден или со друштво :icon_lol:

едит: Ми текна на еден што не можев да го догледам - "The Hills Have Eyes". Не знам кој дел го гледав, ама сигурно нема пак да пуштам нешто вакво.
 
Го гледав Прстенот навечер со сестра ми.Цела вечер останавме будни,неможев да заспијам..уште кога ќевидам низ интернет некоја слика од Самара се вадам од памет:nesvest:Интересно е штододека го гледав не ми беше толку страв колку кога заврши..незнам зошто..другиот ден се стресував штом заѕвонеше телефонот:vozbud:
 
Најстрашен.. Искрено не можам да кажам кој ми бил најстрашен, затоа што од многу гледање хорори, веќе сум имуна.

Но Егзорцизмот на Емили Роуз стварно ми беше језив, а исто така и The Descent и The Strangers..бев напната додека ги гледав..

Не ми текнува друг така, пострашен. :S
 
Ја морам да кажам дека не сум нешто љубител на хорори, но кога би морал да издвојам најстрашен филм тоа сигурно би бил Мртва Тишина. Го гледав пред едно две години, одкога го изглеав филмот три дена после тоа ме лазеа морници, и имав кошмари :pos2:. Од тогаш си реков дека повеќе нема да гледам хорори, и еве едно две години немам гледано хорор :pipi:. Него да прашам - Дали некој го има гледано The tale of two sisters? Викаат филмов партали бил, и читам критики дека е еден од подобрите психолошки хорори, па ако некој го гледал нека сподели впечатоци.
 
Не гледам многу хорор филмови некако глупи ми се а може да ги издвојам Егзорцизам и Блуди Мери тие ми се како најстрашни:)
 
Exorcist оригиналот од 1973
 
Егзорцизмот на Емили Роуз, Прстенот, The grudge. Кога и да се сетам на нив ме фака страв.
Посебно навечер...

Знам кога го гледав прв пат Прстенот цел месец имав кошмари како ме брка Самара.
 
The grudge,exorsist(1973),the omen,ring,
еднаш бевме собранеи кај еднед другар да го пробаме сараундо што си го купил(мн. јак):D и го зедовме texas chainsaw massacre и дека 2 звучници беа зад каучот на кој седевме и пуштени до даска ко пукна пилата од ум се извадив а the grudge гогледав 3 дена оти од страв немошев да го догледам наеднаш
 
The Exorcist, уште како мал го гледав прв пат ама памтам дека со страв си легнував навечер.

А од поновите, единствен хорор шо стварно заслужва да го спомнам овде е [Rec].
 
Егзорцизмот и Прстенот!
Иначе го неам гледано Егзорцизмот на Емили Роуз може ли некој да ми каже за што станува збор?
 
Егзорцизмот и Прстенот!
Иначе го неам гледано Егзорцизмот на Емили Роуз може ли некој да ми каже за што станува збор?

Мора да го гледаш филмот,не се објаснува со зборови таков екстра филм...
Само ке те внесам малку во филмот,главниот лик во филмот,девојката Емили Роуз опседната е од дух и го повикуваат славниот поп да и направи егзорцизам........другото ако сакаш да го знаеш мора да го гледаш филмот.
Пожелно е да имаш јако срце,да не те стегне инфарктот од некои сцени...:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom