Најпотценети и најпреценети филмови на IMDb

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување


Абе ме знаеш мене, јас сакајќи или несакајќи си поставувам некои стандарди, преку кои тешко преминувам, иначе тие стандарди важат за мене, и најверојатно за уште некој друг т.е. би имале слично мислење. Истакнав во темата за хорори зошто новиве тазе снимени, не заслужуваат фалење/hype :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Мене искрено стариве хорори(со чест на исклучоци) ми се повеќе комедија отколку хорор.

Плус, не успеав да го натерам wot во темана за дуел да ги ставит Alien против Aliens, па ево овде ќе си ја искажам фрустрацијата за второспоменатиов. Од таков добро склопен тензичен прв филм, Камерон вториов го напрајл катастрофа. Дури и имав нагони да го изгаснам после сат време. Многу правила од првиов не важеа, пренатрупан беше со акција и дијалози за против тврда столица. Целиот концепт на мистериозност и осаменост во вселената беше заменет со оди-пукај, оди-пукај.

И познатиот цитат: "Get away from her you bitch!"
Едно големо ЛОЛ!
 
Цел серијал Пила е потценет,има одлична приказна и сите дела се одлично поврзани и имаат непредвидливи завршетоци,едино кецот може да се рече дека има добра оценка (заслужено бидејќи е несомнено најдобар дел од цел серијал,но можеби можеше и повисока оцена од 7.6).Пила е ремек дело,и е еден од најдобрите хорор/мистерии на сите времиња и дефинитивно заслужува повисока оценка на ИМДБ.
 
Преценет Kill Bill 1 со рејтинг 8.1 јас би рекол 5 ама од хејт му дадов 3.

Потценет The Machinist со рејтинг 7.7 според мене реално би било 8.5 а јас му дадов 10ка
 
Eден од најпотценетите сај фај/хорор филмови на сите времиња.

Cloverfield.

8 заслужува, и тоа јака осмица, и далеку поголема популарност.

по отепан филм амин, од мене повеќе од 5.5 никако
 
по отепан филм амин, од мене повеќе од 5.5 никако


Секој што ќе каже нешто лошо за филмов, има погрешни критериуми. Овој филм е дефиниција за тоа како се прави перфектно shaky cam освтварување. Адреналин, хаос, паника, совршен увод, заплет - распелт. Ефекти, камера, тензија, солидна глума, и чуство на реалност....онака на некои сцени тензијата и паниката беше скоро преголема за да се гледа, па со гримаси на лицето ги преживував сцените.
 

Како бе зошто... :pos:
Сега видов, и не ми се верува дека срањево има повисока оценка од некои култни филмови... Нервоза ме фати кога видов дека бљувотинава толку високо котира на ИМДБ листата
 
Како бе зошто... :pos:
Сега видов, и не ми се верува дека срањево има повисока оценка од некои култни филмови... Нервоза ме фати кога видов дека бљувотинава толку високо котира на ИМДБ листата

овој њот, става лајк за Елиенс дека бил преценет а за Авенџерс прашува зошто...
Авенџерс > Елиенс :pos:
 
Секој што ќе каже нешто лошо за филмов, има погрешни критериуми. Овој филм е дефиниција за тоа како се прави перфектно shaky cam освтварување. Адреналин, хаос, паника, совршен увод, заплет - распелт. Ефекти, камера, тензија, солидна глума, и чуство на реалност....онака на некои сцени тензијата и паниката беше скоро преголема за да се гледа, па со гримаси на лицето ги преживував сцените.
Интересно и уникатно е направен, ама сепак за мене не ги оправда очекувањата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom