Најлоши фудбалски судии

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Која лига според вас има најлоши судии и зошто?

  • Шпанија

    Гласови: 6 8,5%
  • Англија

    Гласови: 37 52,1%
  • Германија

    Гласови: 2 2,8%
  • Италија

    Гласови: 22 31,0%
  • Друга, наведи која

    Гласови: 4 5,6%

  • Вкупно гласачи
    71
21782.jpg


и Роки
 
Италија, пред неколку години реткост беше офсајдот таму и оп Шевченко голгетер. КАКО ?
 
Најлоши судии од моја песрпектива убедливо имаат англичаните..тие се апсолутно за никаде..не само во знаци и во трчање туку грешат како ненормални и си имаат некои свои правила во фудбалот во Англија и затоа кога гледаме ние острана судиските грешки изгледаат смешни и идиотски
 
Англија! Џабе лигата е најјака, кога судиите се најмизерни. Клатенбург, Веб, Дауд, куртон до куртона.
 
porano se znaelo ako ne sudat dobro krkale kjotek, sega non stop se vo pravo mme
 
porano se znaelo ako ne sudat dobro krkale kjotek, sega non stop se vo pravo mme

никогаш судиите нема да судат добро како што играчите не играат добро бидејќи се работи за човек и човечко око..неможи да не греши едноставно треба да се погоди утакмицата воопшто да нема фифизчки контакти за да не згреши бидејќи секогаш судијата за некого греши
 
Me Gusta темава :D
Има многу лоши судии насекаде по светов. Од друга страна судиски грешки имало и ќе има. Е сега кој користи на крај, тоа е друг маабет :D
 
Гледајќи оваа сезона малку Шпанска лига приметив дека овие асистентите се катастрофа таму. Не знам дали ми се погоди но на неколку натпревари во период од 2-3 недели помошните судии поништија 4-5 чисти голови поради офсајд. И тоа не да се каже дискутабилни ситуации, туку доста чисти.

Во Англија искрено има стварно неспособни судии, какви никаде не сум видел. Колку често само не се во тек со акцијата, бавни се и некако незаинтересирани за судење.

Додека во Италија судиите ги следам веќе неколку сезони и може да кажам дека од технички и физички аспект се далеку подобри во споредба со оние во Шпанија и Англија. Но овде има еден голем проблем, а тоа е големиот притисок кои го чувствуваат судиите и во текот на натпреварот им пречи да носат правилни одлуки. Таљјавенто и Валери се дефинитивно најкатастрофални судии дури и од технички аспект, така што тие се срам за Италија.
Рицоли е спремен судија, но и нему многу често му паѓа завеса пред очите кога суди одредени натпревари.
На некој начин голем дел од судиите се добри да го водат натпреварот и правилно да доделуваат жолти картони за стартови кои го заслужуваат тоа, да не свират многу фаули на центарот да ја забавуваат играта и така натаму, ама кога треба да донесат поголема одлука (црвен картон, пенал) тогаш во голем дел од случаите грешат. И самиот не знам зошто, но како нешто да им се откачува во тој прав момент и често да грешат.
 
Италија се убедливо најспремни и најподготвени судии каде судат илјадапати потешки натпревари од другите лиги....смешно е да се кажи дека тие се најлоши судии кога немаат исти услови спрема другите држави..само што членовите на кајгана кои претежно се фанови на италјански екипи во глобала секогаш кога нивниот тим загуби судиите се виновни и имаат такво општо мислење создадено демек се слаби вака така онака
 
Италија се убедливо најспремни и најподготвени судии каде судат илјадапати потешки натпревари од другите лиги....смешно е да се кажи дека тие се најлоши судии кога немаат исти услови спрема другите држави..само што членовите на кајгана кои претежно се фанови на италјански екипи во глобала секогаш кога нивниот тим загуби судиите се виновни и имаат такво општо мислење создадено демек се слаби вака така онака
Она што оваа сезона не го опростувам за судиите во Италија се големите грешки и покрај тоа што има судии зад головите кои треба да бидат од голема помош. Но џабе е, кога често некои работи ги гледаат, но не ги судат и завршена работа. И тоа го има скоро за секој и скоро против секој клуб. За кој помалку, за кој повеќе. Затоа не држат муабетите на било кој и навивач да се "изгубивме од судијата, тој е крив, дрн, дрн"...
 
Гледам на никој не му текна победникот... Турција...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom