Инаку за муабетите пред мене, и мене не ми е јасно како Rebecca Black има достигнато толку Views колку што има, ама поентата ми се бескрајно недоличните коментари кои и` ги оставаат. “Умри“, “Зафати некоја болест“, “Добиј анорексија“ се некои од нив. Истите ги имаше на песната на Kim Kardashian, едно е да те нервира песната, а друго е да посакуваш смрт на пејачката, кога со ништо директно не ти го загрозила животот. Проста маса.
Инаку мене песната, наспроти потпросечните вокални способности, ми беше интересна и си ја симнав во компјутер.
И да, Rihanna не пее убаво во живо, тоа се уверив во неколку наврати кога гледав нејзини настапи во живо.
За Ke$ha, Miley Cyrus и сл. не можам да коментирам бидејќи немам гледано нивни настапи во живо.