Најголемите Македонци низ историјата

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
121
Кој според вас заслужува да го носи епитетот најголем Македонец во историјата? Или ако се повеќе, наведете ги и по можност објаснете зошто токму тие? Да направиме една листа на најголемите Македонци низ времето, на луѓето со кои можеме да се гордееме, кои придонеле за промоција на Македонија и Македонците насекаде низ светот, на луѓе кои се заслужни за нашиот удел во светскиот цивилизациски код.
Еве ги моите предлози:

1. Филип II Македонски (дипломат, реформатор, создавач на македонската фаланга)
2. Александар III Македонски (најголемиот освојувач на сите времиња, заложник за светска држава на народите)
3. Кирил и Методиј (семакедонските и сесловенските описменители)
4. Цар Самуил (заслужен за територијалните проширувања и издигнување на Охридската архиепископија на ранг на патријаршија)
5. Браќата Миладиновци (основачи и водачи на Македонската Преродба од XIX век)
6. Григор Прличев (Македонскиот Сердар и Вториот Хомер)
7. Сите основачи на ВМОРО (клучна улога во идното создавање на автономна Македонија)
8. Ѓорче Петров ("Македонија на Македонците" - цитат кој кажува се за него)
9. Гоце Делчев (апостолот на македонската револуционерна борба)
10. Јане Сандански (Пиринскиот цар, борец за автономна Македонија)
11. Никола Карев (првиот претседател на Крушевската Република)
12. Ѓемиџиите (го кренале вниманието на Европа за состојбата во Македонија)
12. Крсте П. Мисирков (најголемиот македонски идеолог на XX век, и Македонецот што го одбележа XX век)
14. Методија Андонов - Ченто (првиот претседател на НРМ, борец за независна Македонија)
15. Блаже Конески (втемелувач на македонскиот литературен јазик)


П.С. Имињата на овие личности се напишани хронолошки, а не по важност.
П.П.С. Доколку се сложуваме со мислењата за најдобрите 10 да речеме, може да организираме и анкета на која би гласале и би го избрале најдобриот, т.е. најголемиот, најважниот, најзначајниот Македонец во историјата.
 
Тодор Александров. Апостол на Македонскиот непокор. Македонија на Македонците.
 
Мислам дека неблагодарно е да кажеме кој е најголем во листава. Прашањево ќе ми имаше смисла доколку имаше натрапник во листава. Прочитај ги описите само без имињата, па ти кажи ми што е најголемиот Македонец.
  • дипломат, реформатор, создавач на македонската фаланга
  • најголемиот освојувач на сите времиња, заложник за светска држава на народите
  • семакедонските и сесловенските описменители
  • заслужен за територијалните проширувања и издигнување на Охридската архиепископија на ранг на патријаршија
  • основачи и водачи на Македонската Преродба од XIX век
  • Македонскиот Сердар и Вториот Хомер
  • клучна улога во идното создавање на автономна Македонија
  • "Македонија на Македонците" - цитат кој кажува се за него
  • апостолот на македонската револуционерна борба
  • Пиринскиот цар, борец за автономна Македонија
  • првиот претседател на Крушевската Република
  • го кренале вниманието на Европа за состојбата во Македонија
  • најголемиот македонски идеолог на XX век, и Македонецот што го одбележа XX век
  • првиот претседател на НРМ, борец за независна Македонија
  • втемелувач на македонскиот литературен јазик
 
Мислам дека неблагодарно е да кажеме кој е најголем во листава. Прашањево ќе ми имаше смисла доколку имаше натрапник во листава. Прочитај ги описите само без имињата, па ти кажи ми што е најголемиот Македонец.

Па, затоа јас наброив повеќе имиња, како мои предлози. Јас не реков да кажете кој е најголем Македонец во мојата листа. Затоа ако имаш други личности, т.е. надополнување на истава листа, слободно напиши ги. А, инаку за тоа дали е благодарно или не, не би се сложил со тебе. Да, сите се заслужни за Македонија, но не се сите исто важни. Како за пример, Американците избираа најголем Американец (Реган беше избран), Британците (преку BBC) избраа 100 британски херои, Русите истотака избираа најголеми Руси низ историјата (Александар Невски беше прв, Сталин беше во првите). Така да, не гледам ништо спорно доколку и ние би го избрале најголемиот Македонец.
 
Малце е неблагодарно се согласувам, но јас би го избрала Ченто. Човек со идеали, со нескротлив дух, кој ја сакал Македонија до болка, чија најголема желба и цел во животот била да ја види Македонија независна и обединета. Човек кој што многу пропати заради неговата љубов за Македонија и неговата искреност и неговото одбивање да биде само слуга и безгласна буква, човек кој многу пропати од сопствените содржавници, на кои побитно им беше место во партија и блискост до КПЈ, а не државата.
Затоа го сакам Ченто, затоа го идеализирам и затоа му се поклонувам.

А и сите останати...нема збор за нив, сите тие подеднакво биле Македонци и ја сакале својата татковина, но ако треба да бирам еден, мојот избор секогаш ќе биде Ченто.

Како за пример, Американците избираа најголем Американец (Реган беше избран), Британците (преку BBC) избраа 100 британски херои, .

А бе добро бе, иако нормално не сум Американка, ама РЕГАН бе, од толку државници и големи луѓе низ историјата, они Реган го избрале, Боже ме сачувај. Али добро...не се мешам онаму каде не ми е местото.

А да не знаеш кого избрале Британците? Мислам дека од посовремена историја, би било тешка борба меѓу Тачер и Черчил. Баш ме интересира.:smir:
 
А да не знаеш кого избрале Британците? Мислам дека од посовремена историја, би било тешка борба меѓу Тачер и Черчил. Баш ме интересира.:smir:

Еве ти топ 10 од британскиот избор според BBC:

1. Черчил
2. Брунел (познат британски инжинер, творец на големата Западна Железница)
3. Принцезата Дајана
4. Дарвин
5. Шекспир
6. Њутн
7. Ленон
8. Елизабета I
9. Нелсон
10. Кромвел

П.С. Ја нема Тачер меѓу првите 10.
 
Барам од админите да го сменат името Самуил во Самоил во првиот пост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom