Најголема беља што ја имате направено

  • Креатор на темата Креатор на темата \m/arko
  • Време на започнување Време на започнување
Пред 5-6 години со еден другар експериментиравме со бомби полни со бензин. Ги правевме на терасата на другарот. Зима беше, а на терасата имаше кутија со дрва. Ја потпаливме „бомбата“ и се фатија и дрвата. Почнавме да се дереме на цел глас оти куќата слободно можеше да почне да гори. Излезе татко му и почна да го гаси пожарот. Го изгасна и имаше само изгорени делови од дрвото.
 
Ednas kako pomal vo osnovno mu imam napraveno sopka na edno dete pri sto padna na skalite i si gi iskrsi site zabi.Mnogu se sramam sega od toj cin deteto uste mu se iskriveni prednite dva zaba ama vo toa vreme ic ne mi bese zal.:kesa:
 
Како помал дома играв фудбал и за бељата го кутнав црепот (а сам бев дома) и јас фаќам да чистам нешто ама не бива и тогаш испаничен цел леле ако си дојдат мојте има да ме фрлат од 6ти...И еве ги во тој момент си дојдоа мојте и јас уште толку исплашен...и тато го фати една смеа каа почна да ми се смее во тој момент мислам дека истинав веќе. И ај после мама исчисти таму...
Имаме и други глупости правено со екипата, но стварно не се за кажување оти може затвор да лежиме...озбилен сум :хаха:
 
Многу одамна , бевме на некои 10, 11 год. неколку деца од маало во една конзерва сега и не се сеќавам точно што ставивме ,карбит ,вар ,не, не сум сигурна важно дека ја закопавме и потоа ја запаливме таа експлодира и едно од децата ги изгуби очите за секогаш ,страшно .
 
Па бев околу 6 год (мислам дека) кога јас,братучедка ми и еден наш комшија решивме да гаѓаме со камења(чисто онака од досада).Гаѓавме преку еден кров на куќата на нашиот комшија и така гаѓајки цело време сме ја погодиле несакајќи комшикатаааа.......па кога ни се собраа....и утредента ја гледаме баба јадна оди околу чешмата во дворот со врзана глава.....


Се сеќавам ставив домашен телефон на електричен шпорет...хаха...па кога почна да мириса цела куќаааа..аууууууу.......замалку и куќата да отидешеее во ваздух...хихих
 
Пуштено две деца на болница со потрес на мозокот...за к*ро здравје :nesum:.
 
Најмногу што се сеќавам во моментов...

По дома: Истурив земја од едно 5-6 саксии за цвеќиња, врз бел килим. И сакајќи да го исчистам со мокра крпа, го размачкав едно убаво така, го направив пошарен.

Надвор: На 5-6 год. возраст, згазив девојче со точакот (неискусен луд шофер). Што да правам, кога сум луд по брзо возење, се пуштив од една удолнина, и оваа пред мене излезе, и опнаа после 4 конци на ногата под листот. Ме немаше до полноќ, бегав од полиција (мама и тато). И после викање само.. сум можел да си одам дома и порано. :tapp:
 
Го укасав заболекарот на прстот со сета сила ... му идеше на човекот да заплаче,.. и малку фалеше да ми залепи шамар :)
 
Многу има али ке ја издвојам кога како помали крадевме од пазар лубеници,дињи краставици и се правевме мезе до сабајле колку сакаш и не не фати никој :)
 
Му ја дупнав Главата на Циган со камен. Тогаш у Геге живеев и нонстоп со камења се мававме, ја добив удар во глава, и после возвратив и само делот под и над левото око му беше чист, другото беше се со Крв. На неговарата глава се разбира
 
Има многу да се пишува на оваа тема :pos2: Еднаш како помала задевав едно детенце на улица кај нас заедно со мојата другарка која ме поддржуваше во глупостите.Тоа детенце не накодоши на татко му дека сме го тепале па потоа дојде татко му и не истепа :pos2: по цели два месеца смисливме одмазда.Одмаздата беше да му залепиме живо јајце на неговата куќа штотуку изградена :) Го шлапнавме јајцето на фасадата и до ден денеска стои и кога ќе го видам ми се враќа сликата од таа вечер.Али луди детски години со дете нема заебанција :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom