Најголема беља што ја имате направено

  • Креатор на темата Креатор на темата \m/arko
  • Време на започнување Време на започнување
ја немам една беља направено :toe: еве сега ми текна на уште една
бевме мали и знаете деца ко деца собрани цело маало и некогаш игравме како што треба некогаш се тепавме крв дур не падне :vozbud: во случајов сега што ќе го кажам беше втората варијанта(се тепавме крв дур не падне) и тоа ја се тепав со братучед ми :toe: и тој беше така плачко, мамино галениче и тргна да ме каже на мајка му и ја земање каменот и по глава :nesvest: кога почна крв да тече, тој се онесвести ајде сите почнаа деца да плачат и да бегаат дома. меѓу нив и јас прв трчај за накај дома. ми текнува како вчера да било знам седнав на крајот од каучот и ништо не зборував, а образите црвени ко јаболки ми беа. помина еден саат немаше друго решение освен да ја кажам вистината пак ај што ќотек сум јадел :kesa: ама ќути мајка му(стрина ми) не дојде на карање за гоолема среќа. после братучедов една година не ми зборуваше, па се смиривме,а сега пак не сме во добри односи.
 
Воспитачките во градинка проестираа и не не пуштаа да излеземе надвор, а дечињата од забавиште си играа во дворот. Јас се налутив ставив едно столче и едно по едно дете ги извадив од прозор надвор. Кога влегле да не бараат знаеле дека ако ме најдат мене сите дечиња ќе бидат на број. Не нашле дури после пола саат и повеќе.:back:

П.С. Има уште ама ова мислам дека ми е за кажување, инаку сум била немирна:smir:
 
Кога бев мал избегав од градинка отидов за Добрејци...али ќотек изедов...:angry1:
 
Хахахаа... Леле темаваа!!!
Јас дека многу сакав оган и цела тераса ја запалив со 100 жижици и се радував на оганот :tapp: Ја затворив сестра ми на балкон по гаки и прслук на сред бел ден ( сите комшии ја видоа :pos2::pos2::pos2: ) чував гуштер у плакарот и чистачката приметила и им кажала на моите , Има нешто чудно во плакарот...А внатре се беше со песок хахахаха му правев демек да му е поубаво!!!
 
Како малечка претрчав пред кола со помислата дека брзо трчам и ќе успеам да ја поминам улицата пред колата да помине:tapp:. За на крај да завршам под неа и се разбира на крај во болница со повреди (тие што виделе не верувале дека ќе преживеам) ама за моја среќа се уште сум жива и здрава. Сето ова се случило пред очите на мојте родители, и верувам дека ако сум успеала да претрчам ќе сум си изела добар ќотек.:kajg:
 
Завршувавме осмо одделеније и требаше полуматурска да праваме и моето одделеније не се слагаше со директорот на школото каде да се слави,ние сакавме едно место директорот друго место и ги собрав сите што беа осмоодделенци веќе 5 дена пред матурската и почнавме да штрајкуваме и се направи таква збрка што не само ние туку никој не сакаше да влезе во училиштето..Ехххх добри времиња беа тие...

Сега во прва средно, подруга живеачка е, не? :)
 
Првиот пат кога конкурирав за на факс. конкурирав оти бев приморан од мојве, не дека сакав :toe:...и за моја несреќа ме примија. А јас толку сакав да паузирам 1 год., што кога дојде дента за плаќање партиципација и запишување наместо да одам да платам, им се јавив на мојте да им кажам дека ќе ме нема неколку денови и ги спопичкав сите пари :baeh:
 
пред неколку години се имам кладено со другар дека можам со точак да се лупнам у кола..
и сеа колата вози спротивен правец од мене и ја вртење воланот на точакот и на шофершајбна ме качи:vozbud:ама ништо не ми беше само точакот малце се искрши:vozbud:
има уште многу ме мрзи да пишувам
 
Имав некаде 5-6 години и го пикнав прстот во миксер.Онака фино лепо.Мајка ми правеше торта за мој роденден и миксерот го остави во кујна да си работи.Детска радост мора да проба(шлаг се направи) и секако јас морав да мацнам.
Прстот ми е ок за некое живо шудо.Мајка ми стигна на време пред да биде на граница на одпаѓање... и така:pipi:
 
Денес прднав на час и почна да смрди и сите прашаа зошто смрди вака?Другар им кажа мали прдна и ме избркаа од час.Сево ова е лага многу јасно.Најголема беља е со мојот верен другар мики кога кршевме џамови ја мававме професорката со дволитарка и кршевме компјутери.Тојето.
 
Пааа... имаше еден идиот кај нас шо порано многу сакаше да ни ги сече фудбалите... и земавме ние онака накурчени една вечер му се туривме на колата и му ги искршивме фаровите, му напишавме кретену дебел никаков со маркер на хауба и му го мочавме мерцедесот.... типот ЗБЕСНА xD
 
Ајде ќе ви кажам,иако истото може да се каже и дека не е беља.

Од експериментален аспект,но јас би го нарекол љубопитност...јбг другите играа фудбал а јас имав друго хоби.

од мојата 7-ма година почнав да фаќам жаби...а во трето одделение веќе имав на неколку извршено дисекција(и да знаете и покрај вадењето на органите....се движеа).

Понатаму навистина маестрално е што имав и две миленичиња...пајаци..од оние големите кои директно го фаќаат пленот и маф го прават...епа едниот беше чуван во аквариум,а другиот во шише(имаше тогаш од 5 литра шишиња-сируп.).

Епа им сервирав храна,од муви,мравки, скакулци...башка десерт имаа пеперутка чат пат.:pos2:

но што забележав,а и убаво памтам,им сервирав и скорпија,и шкрапља...и пајакот не се ни осмели да ги нападне...понатаму му сервирав "оштетена" шкрапља,и резултатот беше ист.

А инаку имав прилика да ги испитам и со пчели и оси....тука пајаците победуваа.

Одисејата престана...кога тетка ми ме откри дека јас го саботирав американскиот упаљач на таткоми пратен од негов пријател од Торонто,а се со цел одредени инсекти да добијат електрошок...

Изедов добар ќотек од тетка ми и тоа со црево...звано маркуш,и така научниот духх во мене исчезна од тогаш:kesa::nesum::nesum::kesa::kesa:
 
се степав ко копиљ со еден истотака копиљ кој носеше цвикери..во тек на тепачката несакајќи го здрвив у тоа ретровизорите и моментално му ги напраив леќи... :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom