Ми беше муабетот дека ако некој си дава за право да зголеми драстично неосновен продукт од прехрамбена индустрија, што ни е гаранција дека нема и основен продукт ти што наведе да го зголеми драстично?Зашто да го прекршуваат? Во Швајцарија кога бев, во недела живо пиле не работеше, све беше како во град духова атмосфера освен две продавничиња на железничка кои законски си работеа, ама цената внатре им беше 2 пати минимум поголема. Зборам за неосновни прехрамбени продукти како во твојот случај - протеин, или пак во нивниот случај - чипспови грицки кроасанчиња и сокчиња. Сакаш комфор, дакаш да не планираш со пазарење кога ќе ти текне тебе - ќе си платиш повеќе.
Све дур цените на основните продукти (брашно, шеќер, зејтин, млеко) не се драстично различни со други маркети и ланци, не гледам никакво прекршување на закон.
Патем не знам како е закон во Швајцарија, но кај нас имаме закон за неработење во недела што во доста број од случаи не одговара ни на работодавецот ниту на вработените, а ниту пак на потрошувачите. Добар е примерот со луѓе со фамилија што треба да одморат во недела и да го посветат на фамилијата, ама знам тродупло број на луѓе што се тепаат да работат во недела за дупла дневница и сите празници сакаат да ги работат, па го колнат фактот што немаат можност за тоа, а секој денар плус им е битен.