- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.426
- Поени од реакции
- 12.412
Реално не ве излажале, и со 3.5ка може да поминете. Едино не ви кажале дека во најладните денови, еве нека се 7-10дена во Дек-Јан ќе треба да догревате со друг уред. Максимум две недели во зимото се тоа, еднаш на десет години иде фрик зима кај што и цел месец знае да држи, ама тоа е тоа.фала на препорака. имаме на северниот ѕид стиропор, само источниот не е изолиран, таму исто има и тераса со два прозорци и врата од дрво леснина (партнерот никако не сака да ги менува хаха). исто така сме на втори спрат од семејна куќа, под нас се греат на дрва, на таван има стаклена волна. па мислевме може и со помала ќе поминеме за тој простор, така ни препорачуваат од продавница.
е сега исто сакав да прашам што има врска компресорот и како да проверам каков тип на компресор има некоја клима ако ми се допадне? еве за оваа вивакс не можев да најдам инфо освен ти тоа што ми пиша
5.5ка што дава 4кв на -7ц може и без дополна да помине, ама рачунај баш овој преоден период кога Т е меѓу 2ц-15ц ќе ти прави пали-гаси! Мене лично не ми смета тоа, ама тука има луѓе што во транс паѓаат ако климата не им модулира убаво.
3.5ка од друга страна поубаво ќе модулира, ама во најладното ќе бара да се уклучи панел/греалка.
Не знам какви ти се естетските очекувања за бела пластична кутија закачена на ѕид(?), ама ако ја купувате за да се греете на неа, а и буџетот не ви е мал... Ви препорачувам да си видите и парапетна клима. Има предности при греењето и удобноста со неа...