Здраво,
Живеам во стан 80м2 и имам парно кое е поврзано на котел на струја(24КW), меѓутоа поради високата потрошувачка на електрична енергија, нормално не го користам. Сакам да го пренаменам парното и како решение го разгледувам системот со топлинска пумпа.
Одкако ги исконтартирав скоро сите можни компании во МКД кои ги продаваат ТП, според мојата квадратура и инсталација, повеќето компании како решение во мојот случај понудија 8KW топлинска пумпа (monoblock).
Доста скапа инвестиција која на подолг рок е исплатлива. Дилемата ми е дали на поголеми минусни температури под -10 степени ќе може да се достигне температура на вода до 60 степени ?
Знам дека за подно греење каде и температурата на вода е многу помала, се доста ефикасно решение топлинските пумпи, меѓутоа за греење со радијатори дали е паметно да се инвестира во ТП ?
Би сакал доколку некој овде на форумот има инсталирано ваков систем во стан, да сподели искуства...