Ајде да ти одговорам, под услов да не си тука за антиреклама на Хаиер.
Буквално истата ја имам дома и не бучи вака.
Тоа прво, а второ бучавоста на надворешната зависи од надворешната температура т.е. колку е оптеретена и најповеќе ОД МОНТЕРИТЕ.
Колку подолга бакар цевка и подобра монтажа со буфери и на место каде нема да треси климата толку подобро за бучавоста.
За ова истото и за различни модели на клими имаш кориснички искуства на темата колку што сакаш, буквално еден куп. Луѓе решавале бучавост со преместување на клима, со местење на држачи како дополнително зацврстување на постоечките, со местење на поголеми буфери и слично.
И да, СЕКОЈА надворешна ќе има некаква бучавост.
ДУРИ и оваа што е на видеото НЕМА да ја слушнеш ако си дома и преку ѕид нема да иди звукот па да ти ремети раат.
п.с. Штета кај нас нема продавачи како ова куклето од видеото