Здраво и поздрав до сите , одамна не сме се чуле. Дојде време да средам малку со греењето (и ладењето), па решив да се консултирам со вас за некои работи. Вака , во прилог ќе ви поставам слика од распоредот на куќата. Се работи за прв спрат од куќа , под мене се визби/гаражи , над мене има друг спрат во кој се живее и се грее. Куќата нема изолација , има само фасада на предната страна , и малтарен е зидот на терасата кој ја опфаќа кујната и спалната , а другото е немалтарено/цигла. Од страна на столарија сите прозорци се ПВЦ со 4 сезони стакла. Дневната е на запад а кујната на југ , од каде што се и прозорците и собите се доста сончеви и топли. Дневната се наоѓа во сендвич помеѓу два влеза така што има само еден надворешен зид , тој на запад , исто кујната , еден надворешен зид на југ. За другите соби можете да видите од распоредот. Е сега... планирам да купам инвертер , за во дневна и да го поставам каде што е напишано на сликата. Од досегашното искуство што го имам собрано на форумот што е доста информативен и ви сум многу благодарен, ми нудеа 5кв инвертер за во дневна со што би ја греел и кујната и по можност салонот што е околу 50 квадрати , доколку би купил некој поскап инвертер. Но мене не ми се допаѓа идејата да ставам 5кв инвертер пред се поради што првенствено внатрешната единица ќе биде наместена во 20 м2 и има многу поголем издув со што сметам деќа ќе ми го наруши комфорот и да ги отворам сите врати пак нема да бидам рамномерно стоплен, и башка климата ќе биде предимензионирана. Пошто имам една клима во помалата спална од 2.5кв , планирав неа да ја преместам во салонот со што со отворање на вратата во поголемата спална би одела топлина по потреба и да купам некој просечен инвертер од 3.5кв кој би го наместил во дневната , а во другата спалната би наместил панел кој би го користел по потреба зошто не ми се допаѓа бучавата на инвертерот во спална. Од друга страна повеќе ми се допаѓа идејата за мулти сплит системот , со една надворешна единица која би ја наместил како на сликата, тука над влезот има како мини терасиче каде што би стоела надворешната единица. Кога би одел на мулти сплит , би наместил 2х 3.5кв една во дневна и една во салон , а ако веќе би се решил на таја инвестиција би наместил и некоја 2ка во помалата спална колку ради реда да се најде по потреба, со што 2.5ката од малата спална би пошла во поголемата спална..кога веќе ја имам барем да ја искористам за кад тад.. Е сега , вака инвестицијата би коштала според некои мои пресметки ако се работи за Мидеа/Грее минимум 100к , а од другите производители како Даикин и трикратно повеќе. Дилемата ми е дали да наместам некој просечен инвертер до кај 30к на пример хаиер тундра или грее феири и да пробам една сезона додека да наместам изолација и да присоберам пари па после да мислам дали да одам со мулти сплит еве за пример Даикин го зедов или со Мидеа/Грее. Што мислите ? Вака може да се каже дека дневната ,кујната (кои се доста сончеви и доста потопли од другите соби) и салонот се делумно изолирани пошто имаат само по еден надворешен зид , другите соби се поладни но тоа понатаму ќе се реши. Се надевам дека доволно објаснив , доколку имам пропуштено нешто кажете ми. Ќе ви бидам благодарен за секој ваш oдговор. Поздрав и убав ден на сите 


