Јасно, се разбираме, не мислев дека е полесна за 25кг, туку дека е полесна во споредба со тосот и тежи 25кг.
Иначе, дали има некој показател за која клима е подобра во однос на дефрост ? Поретки дефрости а и побрзи во времетраење.
Моментално имам 2 клими, од кои едната е Tosot од 18к ( Tosot Muse Eco ) и Gree Fairy 3.5ka, мислам дека горе долу се исти во број и времетраење на дефрости, но прилично љубопитен сум и затоа ја имам Fujitsu како опција за нешто ново, јапонско, а можеби и подобра опција од тосот/ грее(?).
И ме интересира, дали може да ми кажеш каква клима конкретно би зел доколку си во моја ситуација ?
Не знам за понудените да ти кажам за дефрост бидејќи не сум имал искуство, но мој совет ти е АКО си задоволен од една од тие двете кои ги имаш да бараш иста.
Во време кога техниката трае до рокот на гаранција, според мене, не вредат вложените средтсва бидејќи во бананава од држава може да се разочараш кога некој нема да сака да ти сервисира или недајбоже замени клима од 500+ или 1000+ евриќи.
Лично имам LG 3,5kw и haier tundra 5.5kw
На LG-то конкретно дефростот му е пократок него на Тундрата. Тундрата при магла и минусни температури под -5 прави дефрост на секој саат точно и трае 10 минути.
Следно, LG има повеќе брзини и потивка работа, а Tundra-та помалку брзини и за мала нијанса побучна.
Тундрата има wifi контрола + јонизатор, LG-то нема.
Ќе ти повторам, ако имаш Muse (кој на темава е доста фален) и од истиот ти лично си задоволен и навикнат на тој начин на работа, не гледам причина зошто би менувал и експериментирал?
Јас би го одбрал Фуџицуто затоа што има за малку (ептен малку) подобар издув и нема греачи, ама тоа сум само јас и не значи дека сум во право. Тоа би бил само мој избор, ништо не ти налагам.
Од др страна таа клима нема wifi и не знам колку брзини има - треба да се информираш дополнително.
Одлучи врз основа на твојата навика и комоцијата која сакаш да ја постигнеш.
Кога ја барав втората клима (Тундрата), покрај цена имав на ум да има wifi и да нема греачи.
Бев доста заинтересиран за Тошиба, но беше цели 20.000 поскапа и немаше wifi.
На крај изборот ми се сведи на Тундра од 38.500 или да одев на Грее од некои мислам 45.000 или до кај 50.000 (не ме фаќај за збор).
Но греето имаше греач на тацна, па на крај одлучив да искеширам 40к за Тундра и 20к да искористам за изолација на просторот.
Така да, мислам дека било која од овие клими на таа изолација ќе те грее без проблем, а и разликата во цена не е голема за да се двоумиш дали да платиш еден или друг модел.
Размисли што ти треба од функциите кои ги имаат, каков начин на работа нема да те терети (за дефростите мислам дека сите клими се слични т.е. на минус и влага не ти гине отприлика 7-10мин дефрост на саат време) и ако има некој Фуџицу дома барај мислење за истото колку да не те копка дека е нешто WOW во однос на овие две - што мислам дека не е до толку.