Да го образложам мојот "проблем" со Даикин Сенсира 5ка. Неможев да ја натерам климата да повлече повеќе од 1000вати. Но некако постигнуваше 24 степени, што беше потребно за да нема тензии дома, зошто сме ја продале печката на пелети. Овие два три дена не одеше повеќе од 850вати никако, што беа доволни за 22.5 степени и одма проблем како живи сме измрзнале. Климата има 3 месеци како е купена, филтерот до сега не сум го чистел. Не верував дека ќе има толкава прашина на него, кога го извадив едниот филтер како да се отпушти цела клима, ќе полеташе од дување. Цело време она била задушена, и веднаш потрошувачката скокна на 1200 вати со што за брзо време се постигна мир во куќата

Значи не за џабе било зборењето дека треба да се чисти филтерот еднаш месечно.