@мкд владе Епа тоа Владе го трубиме по форумов со години веќе,дегутантно ми стана по сто пати едно исто да објаснувам.Арно ама на продавачите не им е(и не само овде на форумов), па упорно си продаваат клими со истрошени фазони во стилот:
-најеконимично,скоро џабе греење,со 200w работи!
-Најеколошко греење...(боже кој дебилизам)!
-Најзадоволни корисници,(а живеат во стан од три страни+горе-доле греени)
Итн итн.
Лесно е на +5 +10ц ,а тоа е пола грејна сезона кај нас,и он-офф грее убаво како што
@mdeni кажа,а јас потврдувам!Никој не им кажува за останатите критични два месеца! Им продаваат па после се чудат луѓето:
-Абе овоа чудо струја мкнело?! (Е не,на добра воља ќе работи!)
-На -5 -10ц не постигнува,губи капацитет,ладно ни е?!
-На ~0ц дефростира на 40-60мин,те магла имало,те снег врнело,те влажноста била голема. (Фала богу дека така ќе работи!)
-Дува млако,крца,нејќе да работи од х причини,на лошо место монтирана...
И оди објасни се после...