Читам доста прашуваат за греење на помали соби со уреди што не се клима , па сакам да споделам едно искуство , сепак темава е најекономично греење

. Вака , лани пошто надворешните зидови на собата ми се исток и север и нема изолација и не е малтарено , а околните соби не се греат... а имавме температури до -17 ... а јас климата ја гасам за спиење (ми смета) , видов дека неможе да ја загрее собата другиот ден на тие температури и почнав да барам некој уред кој ќе го користам како бекап дури да тргни. Прво сакав панел , но потоа најдов на интернет доста препораки за маслен радијатор. Се одлучив за уредот на De Longhi, за кого прочитав доста добри коментари на германските и на скандинавските страници каде што се продава , станува збор за еден од најдобрите брендови за маслен радијатор. Работи на 700/800 и 1500 W , јас го користев навечер додека спиев за да не дозволам целосно да се излади собата. Испадна дека е доста добар уред и доста добро грее ,не го суши воздухот, се разбира не е толку ефикасен како клима уредот , но ќе заврши работа за
добро изолирани соби од 10-15 м-2 , како што е и наведено на нивната страница. Сепак , комфорот и тишината е бесценета. Јас неможам да го искористам максимално затоа што мојата соба нема изолација и не е ни малтарено , само пвц, а околните соби не се греат, но моја топла препорака за сите кои бараат ваков уред , затоа што добро грее и на 700 или 800 W а на 1500 W e одличен. Иако има само 7 ребра, но читав дека тоа е поради некоја нова нивна патентирана технологија со зголемена батерија. Кај нас има и доста други брендови на маслени радијатори, но мене ми требаше некој со низок минимум на потрошувачката пошто сепак не ми е примарно греење, и морав да бирам помеѓу овој уред и еден од производителот Rowenta, кој исто имаше 800 w миниум и 1200/2000 максимум. Јас се одлучив за овој уред поради многуте позитивни критики на странските форуми.Го купив од сетек 5200 ден. Има само една негативна страна на почетокот , треба да го поработите на максимум при првото пуштање во друга соба или со отворени прозорци за да се изгуби миризбата на масло, која ќе се изгуби целосно со тек на време при редовно користење. Еве линк
https://www.delonghi.com/en-int/pro...lled-radiators/radia-s-trrs-0715b-0185392301# .
Прегледај го приврзокот 228250