не се изолира више со стиропор? ние па радосни во зградава, 10ка стиропор имаме, а оно капут...
Инаку Владе мислам дека не е далеку од вистината. Многу големи пари се за комплет изолација сосе кров, прозори и врати.
20 евра х 250-280 м2 надворешен ѕид се 5 ипол до 6000 евра. Не знам дали е врачунато во тие цени и скеле пошто најчесто куќи се на спрат па мора да се изнајми и скеле. Нам за менување комплет кров со лимен кров околу 80м2 ни бараа мислам дека беше негде 2500-3000 евра.
Еден прозор
двокрилен, стандард 150х150, на кипање сосе местење плус ролетна, над 200 евра. Надворешна врата, малку поквалитетна прашувавме баш за нас, за станот, скоро 400-500 евра би не фатило.
И уште излегло некоја ситница...Сума сумарум околу или под 10000 евра, нормално изолирање не знам дали ќе излезе за куќа да кажееме 90тина квадрати со само 1 спрат. Е сега, ако земиш подучени мајстори што ќе ти ги искриват ѕидовите и касите на прозорците, тоа е друго.
Може да го прашам и колегата фасадер колку фаќа, ефтино да е, не е.