Навистина не знам. Сега за сега како што ни имаат кажано губиме 40% топлина од системот на дрва, затоа што куќата не е изолирана и затоа што направен е само спратот на кој живееме со старите. Приземје (гаража, подрум) и подкровје е во карабина фаза. Ние го реновираме поткровјето и знам дека ќе се зачува колку толку од тие 40% што ги губиме.Имам изолација со гипс картон и воопшто не е мек за тоа не се секирај. Изолацијата е тоа колку за илустрација греам куќа (салон) 38 квадратни метри со ломо еко . Супер изолација не само топлинска туку и звучна.
Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
А досега со сите што сме правеле муабет за инвертер, сите се во станови, што според мене е многу различно од ќуки, затоа што колку толку имаш околу тебе други станови што ги греат соседите.
Друга опција ни е да се приклучиме на гасоводот и да се грееме на гас, но и тоа не е загарантирано решение. Само за поставување на котел и систем за гас ти требаат околу 3-4000 евра, што реално за нас се многу. Плус сметките за гас за месец велат дека достигнуваат и по 18 000 ден. во најладните месеци.