Здраво. Нов член. Мило ми е.
Сега за сега се грееме на парно систем на дрва. Истиот котел има опција и за струја. Но сепак се мислиме за алтернативно греење, поради тоа што не ни е сигурно дека во наредните 3-4 години ќе има дрва за греење и за продажба. Партнерот запнал за инвертер, ама јас сум малце скептична дали ќе успееме да загрееме спрат од куќа 90+ квадрати со инвертер. Се работи за постара куќа која е во тек на реновирање и нема баш добра изолација. Нашиот спрат ќе биде изолиран колку што може, но изведувачот ни рече дека ако сакаме внатрешна изолација ќе треба да земе некаде 20 цм од надворешните ѕидови за да стави изолација и зид од тула.(што реално не ми одговара). Друга опција е на постоечките ѕидови да стави изолација и одозгора гипс картон, што пак не одговара зошто тие ѕидови ќе бидат ептен меки и малце да преместиш нешто има шанси да ги оштетиш(гипс картонот е мек). Значи останува надворешна фасадна изолација што сега за сега нема да сме во можност да ја направиме, за некоја година можеби. Значи прашањето ми е дали и како би загреале простор од 90+ м2 со инвертер и дали постојат други начини на внатрешна изолација освен тие што ни ги спомна нашиот изведувач.
п.с. Постот ми е не знам од кај да почнам.. Ама градење спрат и цел товар на младите е малце застрашувачи особено што немам никакво искуство.

,