- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.745
- Поени од реакции
- 13.203
За цената на парното не би знаел да кажам,ама тоа исклучиво со топлификација да си провериш(цена,приклучок).Ќе сака ли некој да напише споредба во цена помеѓу парно на гас и парно на струја. Да кажеме колку би била месечна сметка за дом од 100м2 со добра изолација? Колку би била почетната инвестиција, цена на котел, и било кои информации што би биле полезни може да споделите.
За сопствена инсталација,ако не претеруваме со незнам какви алуминиумски ребра и бакарни цефки,туку одиш со панелни радијатори(турските Пекпан многу ги фалат) и алупласт цефки... рачунај на ~1000€ само за инсталација.Ако се одлучиш за поскапата варијанта,до 2000€ макс ќе те фати.
Стај и котел со експанзионен сад и пумпа(се во едно е подобро и заштедуваш на простор,колку еден бојлер се на се фаќа)... околу 500€ и тоа е тоа.
Е сега тебе те интересира сметката,а тоа на алаш-вериш тука тешко некој ќе ти каже!
Ориентационо само: колку сака нека биде добра изолацијата,куќа е во старт,и не е правена по стандарди на еко или пасивна куќа(моја претпоставка).Стај потреба-загуба од 100w на м2 и автоматски ти испаѓа потрошња од {10kw/h x (11x2.7)+(13x5.5)}=1200ден дневно.
Примерот е реално “ворст кејс сценарио” во однос на внатрешна-надворешна температура и 24 часовно одржување.Ако не го палиш кога си на работа,или е потопло времето па ќе намалиш температура...како и да рачунаш,испод 300€ не си.
Упс:сега гледам за парно на гас прашуваш?!
Заебано е тоа ич не го гледај!Прво и ако има,самиот приклучок е скап,второ цената на гасот е висока,трето јас котел на гас не би ставил дома освен ако немам посебна просторија-котлара.
Метар кубен кошта околу 35ден а има калорична моќ од некој 11kw,котлите нз со која ефикасност работат.Ич да не рачунам не ја ни гледај таа опција.
Последно уредено:
.
.
) ... инаку 90% мапи си беа со најисплатливата (најевтина) и најлогична траса која одеше преку Турција во Бг, па кај Пирот во Ср и натаму низ Европа...
, на овие наши зинати газди