Транзитен гасовод низ МКД беше само во нечии политички пропаганди и фантазмагории, кратко време актуелен како опција, кога Бугарија го одби... (а замисли перверзија Бг го одби а ние и Гр ќе го прифатевме, абе смешки у боја!

) ... инаку 90% мапи си беа со најисплатливата (најевтина) и најлогична траса која одеше преку Турција во Бг, па кај Пирот во Ср и натаму низ Европа...
Но и доколку имаме снабдување со гас од примарна мрежа, пак ќе беше скап за граѓаните, особено за греењето... погледни го северниот сосед кој има примарно снабдување (гасовод преку Унгарија) ... одамна имаат и гасоводна мрежа се до Ниш. испобегаа од гасот за греење од 2011та навака се откажаа најголемиот број од она нивно даљинско грејање (на гас) од топланите на Србијагас, или од она класично индивудуанно парно со котел на гас... Зошто кога имаат примарна мрежа те гасовод? Од истите причини кои ги кажа и ти и некој друг погоре.. прескапо, башка што смрди и што е потенцијална опасност... скапо е! Земниот гас е берзанска стока, затоа неможеш да градиш стратегија за развој на гас (особено со вака кревка индустрија како нашата)... од друга страна со “Северниот“ да се направеше и овој “Јужниот“... Европа во 60-70% ќе зависеше од еден снабдувач, а тоа е класичен монопол!... знаеш ли каква е цената кога имаш монопол? ИЗГОР! Тоа е причината зошто нема да се гради те ќе застане до Тр гасоводот.... Малку геополитика!
Затоа 10 пати ќе беше покорисно во МКД наместо во гасификација на градовите (која ќе кошта стотици милиони Евра) да ги направевме ХЕЦ Чебрен и Галиште... со што државава ќе станеше енергетски независна. Но најверојатно за ХЕЦ помали се провизиите... !? Гасот е само мит со вака мала индустрија... а за греење, ич да не праиме муабет!