- Член од
- 28 февруари 2017
- Мислења
- 2.770
- Поени од реакции
- 2.682
- Возраст
- 65
За последнава година форумот почна да се враќа на нормала, дури може да се забележи извесен напредок, благодарение на вас неколкумина кои дојдовте покасно и враќањето на неколку стари членови.Целта на форумот е да се стигни до точни податоци без манипулации. Кога дојдов тука беше таков хаос, се лажеше дека со 200вати може да се греат 50м2, па бугарски форуми па вакви такви. Реално ми беше многу тешко да се одлучам каква клима да земам. Особено што преминот од дрва на клима е незамислив за многу луѓе па не смееше со ништо да се ризикува. Па така се решив за повеќе топлина наспроти штедење. Еве сега забележувам дека сите тие идили на топлење со 200 вати дека биле голема глупост. Се навредуваа луѓе со нивниот избор на клима како тоа да е крај на свет.
Но многу ме нервира кога ќе се земе една лоша карактеристика за некоја клима, со тоа ќе се направи ѓубре за да се промовира одреден друг бренд. Затоа само вака со доказ дека се си функционира како што треба.. Кога сите би го правеле тоа би добиле пореална претстава за сите брендови. Но ретко кој се осудува да сними на која температура колку му троши климата.
.
Главната болка си останува ама папсува кланот пополека. Додуша јас ги имам сијамците на игнор, па може тоа ми е привидно

Може нема да се сложите ама појавувањето на Климе исто допринесе да се смали притисокот врз обичните членови на форумот. Не е секој издржлив, цела утакмица да вика УА СУДИЈА

Тука сме во основа да си помогнеме, поефтино и поеколошки да се грееме! Се друго, плукање , препукување и омаловажување нема да помогне, дури во некои случаи има контраефект.
Како и да е, одиме напред.