Ти посакувам долго и економично да те грее и лади.Еве уште некоја слика од вториот Хансол (монтажа @kodus).
Прегледај го приврзокот 200841
Прегледај го приврзокот 200842
Прегледај го приврзокот 200843
Останав должен за овие фотки од надворешната. Плус да нема забуни, некој фанатик дилер да не ме стави во ист кош со него и неговите колеги.![]()
Ги гледам фотографиите од монтажата од лице кое барем на овој форум сите имаат пофални зборови, но мене секогаш ми паѓа во очи една работа, која за жал е карактеристика и за “најпрофесионалните„ . Ова најпрофесионалните е ставено во наводници, затоа што за мене не е професионалец кога при монтажата цевките не се ставени во соодветни пластични каналици. Монтажата може да е ок во целост и да се почитувани правилата на струката, меѓутоа очи боде ( барем мене ) немањето чуство за естетика, а со тоа и нагрдувањето на естетскиот изглед на самиот објект. Наместо сите тие цевки ( а се две ) да се стават во соодветни каналици и сето тоа да изгледа поестетски и да не го нагрдува објектот ( што само ќе дава слика за професионалноста на монтажерот ), цевките се изолирааат и се оставаат така да се гледааат што е неестетски, а богами и кажува и за „ професионаноста на монтажерот “. За некоја ситна пара за каналици сета работа, колку и таа да е професионална и по правила на струката, се расипува, имајќи го предвид естетскиот изглед. Дотоклу повеќе што со ставање на цевките во пластични каналици се заштитуваат истите од надворешните влијанија.
Ајде можеби на некој од монтажерите ќе им текне дека естетскиот изглед на монтажата многу кажува за нивниот вистински професионализам во вистинска смисла на зборот.


)




