Мислење за климава ?
LG G 12 WL.NS3/ G 12 WL.UL2
Инверетер клима уред
• Капацитет на ладење:3,5kW(1.3-4.0)kW
• Капацитет на греење:3.3kW(1.3-5.0)kW
• 3D струење на воздухот
• Фреон:R410a еколошки фреон
• EER 3.21W
• SEER 5.6W
• COP 3.61W
• SCOP 3.8W
• 24h тајмер
• Антибактериски филтер
• Иновативен далечински управувач
• Работна температура Ладење: -10~48°C
• Работна температура Греење: -15~24°C[DOUBLEPOST=1516186597][/DOUBLEPOST]Здраво на сите. Читам има многу добри коментари од луѓе што се разбираат на темава па би сакал да ве прашам и јас за совет. Се работи за стан од 75м2, дневна околу 25-30 квадрати, спална, околу 20м2, детска околу 15м. Станот е со нови пвц прозори 4 сезони 6 коморни со три стакла, внатрешните ѕидови се изолирани со стиродур. Значи внатрешна изолација под и зидови е одлична. Надворешна изолација нема. Ориентација југ-запад. Според следното да ми предложите клима уреди за да го затоплувам целиот стан притоа ми е битно климата да не го суши воздухот доколку постои таква и до прилика кога би имал 3 клими во сите три соби да се уклучени 24/7 да топлат на одредена температура колку би можело да биде сметката и дали би се топлел цел стан. Колку за информација моментално во дневната се грее со термо печка 6КВ и во спална соба 2 часа пред спиење се уклучува панел 2кв и сметка за струја од 25 ноември до 25 дек дојде 4200 денари. Летна сметка е околу 1000 денари. Термо печката е акумулирана само на ефтина струја и многу ретко се пушта да дува. Ќе ми биде мило доколку некој ми одговори на прашањава.