Stronger - може филмот и не е најсилното нешто што 2017 ни го даде, онака, просек, ама Џејк Гиленхал е дефинитивно актериште. Можеби најдобриот актер од 2000 навака. И дефинитивно заслужува Оскар, и ќе стискам палци тоа да е баш сега, баш за Stronger. Исто и Татјана Маслани беше одлична. А за приказната, сметам дека извлекоа максимум од оригиналниот материјал, зашто реално и нема што повеќе да понуди. Да беше за Алекс Занарди, на пример, наместо за Џеф Бауман, ќе беше друго, ама кај Занарди немаше вмешано терористи, немаше да играат на картата национализам и антитероризам. ОК, значи поентата на крај - ако сакате да видите WOW филм и инспиративна животна приказна - не го гледајте. Ако не ви е важно тоа, пак, а сакате да видите извонредни актерски перформанси, стиснете play.
@wot , мислам дека баш ти прашуваше за филмов.