Ме интересира дали и со која инверт. клима би можел да го загреам простор од спална и дневна (без тоалет ходник и другата соба), поставен на позицијата над прозор?
Прегледај го приврзокот 180700
Во фаза на припрема сум за пирспособување на простор за живеење, па ова го гледам како приоритет.[DOUBLEPOST=1511486106][/DOUBLEPOST]Мисир, забораив да пишам квадратура. Целиот простор е 50 метри квадратни, тоа што го планирам за загревање е не повеќе од 35.
Заборави исто да кажеш дали се работи за куќа или стан, претпоставувам стан е.
Јас би заборавил на евтина 5.5кв, ќе ве оддува, бидејќи ќе седите под неа. Зависи и колкав ти е буџетот.
Gree Lomo LCLH би бил добар минимум за 31К. Многу задоволни корисници, кои греат 30 - 35 м2 дури и во куќи, но тоа е сепак силување.
Hansol (-20C) исто од Гри се продава по одлична цена од 40К. Гледај на неа како предимензионирана 3.5-ка со одличен Sanyo компресор и мислам дека е најголем Best Buy во моментов.
Двете се со греачи на компресор и тацна, ќе работат без проблем и при длабоки минуси.
Ако си спремен да плукнеш екстра пари и да добиеш екстра квалитет, имаш
Gree Amber Nordic за 50К,
Mitsubishi FH35VE за 63К. Сигурно има и некој добар модел на Toshiba или Fujitsu, но нив не ги пратам многу затоа што се нереално скапи за тоа што го нудат, IMHO.
Генерално кинезите нудат многу повеќе за парите, особено во нискиот ценовен сегмент. Ако се одлучиш за Gree, тука на форумов го имаш
@Strelec кој може да ти обезбеди екстра попуст.
Монтажата е исто многу важна како и изборот на клима. Јас би ти го препорачал маестро
@kodus. За среќа и тој е дел од форумов, а можеш да се консултираш со него и за избор на клима. Човекот монтирал, сервисирал илјадници клими и сигурно знае што е што, за разлика од многу теоретичари тука.
