@Klima ured имаше еден бум со таков тип на греење пред повеќе од 15 год. го правеа тука локални производители по гаражи и мини халички,
беше ефтино да се купи околу 1000-1500 за едно собиче но квалитетот и не му беше нај-нај, па имаше и доста изгорени теписи поради тоа што беше изолацијата од некој подебел најлон но во секој случај страдаше ако се најдеше под столици кои често се поместуваа и се оштетуваше,
не трошеше многу околу 1 KW на h на повеќе квадрати површина (точна бројка не памтам) ама ретко од тој период кој мереше точно, и како што ти реков погоре заради незадоволителниот квалитет брзо народот се откажа од истото.
инаку беше доста пријатно кога газиш на топол под, и според мене подното греење и најкомфорно и најпријатно за човекот ја нема бучавата и провевот од клими и термо печки, не зафаќа место како термо или радијатор, кварцна, уљен радијатор или ќумбе бидејќи нели е под подот, нема зрачење како кога се грееш на кварцна, нема пепел и ѓубре како кога се грееш дрва ќумур... НО ПОДНО АМА ДА Е СО ТОПЛОВОДНО ГРЕЕЊЕ со 35-40 степени греење на водата.