- Член од
- 28 февруари 2017
- Мислења
- 2.770
- Поени од реакции
- 2.682
- Возраст
- 66
Пријател, не е проблемот во климите, до нас лугето е.Абе климаџии зошто не ги кажете негативните ефекти од греењето со клима поготово кај малите деца проблеми со дишните патишта инфекции итн.На некој модели од климатиерот во самото упатство пишува не се препорачува да се користи во простории со деца под 3 години.Самото тоа што дува веке е проблем што не е занемарлив .Сите доктори говорат да не се користи климата лично јас знам 4 мои блиски кој што имаа здравствени проблеми од геењето со клима.Ама тука не важи тоа тука климата е нај по нај за греење и сите други се луди што не се греат на клима.И јас имам клима и не ја користам токму ради тој проблем!
Јас израснав во село , каде бев касан од пчели , оси и кој знае какви не бубачки. Прашина надвор колку сакаша ние цело време бевме надвор, фудбал кога игравме над нас имаше облак од прашина.Пролет, лето се околу нас цветаше, нема начин да не дојдеш во контакт со полен. И како резултат на тоа нашите генерации не страдаа од алергии и немаа таков вид потешкотии.
Сега животот стана многу подруг , претпоставувам дома не поминува ден да не пројдете со правосмукалка, климата ти е со милион филтри, во кола исто така користиш филтриран воздух ,децата во Скопјево рацветано дрво гледаат само на телевизија, недај боже да слушнете пчела или оса во близина, цела фамилија се мобилизира против неа.
Да не зборам за исхраната.
Како резултат на тоа, организмот на децата е како растение растено под стаклено звоно, мало соочување со прашина, убод или полен и еве ви алергија.
А тоа што лекарот ви препорачал да не ја користите климата е негова проба, да елиминира една од можните причини за потешкотиите на вашето дете.Без темелни анализи, тешко дека некој може уверено да каже, што е причина за алергијата или друг вид на вакви респираторни проблеми.А познато ни е како иде со испитувањето на алергии.
Е сега ниту јас со мојата приказна, ниту вие не можеме да го смениме текот на настаните во животот.
Ама не треба да се биде толку категоричен .


.
.