Да ние сме трговци и не го криеме тоа но очигледно и ВИЕ сте поврзани некако со бизнисот во климатизација па плукате по се што не е во ваш интерес ( за разлика од нас каде ние немаме нападнато ниту еден бренд ) по форуми и се правете невини загрижени граѓани. Ако нас ни беше идејата да величеме одреден бренд и да правеме манипулација со факти профилот ке беше со друго име и сликичка/аватар.
Ако го посетиш нашиот сајт ке видеш дека работеме и со кинески и јапонески брендови, и со буџет и со скапи клими. Така да твојата теорија на заговор паѓа во вода.
Јас немам ништо против некој да сподели лично искуство, но имам против начинот на кој давате вие совети со лажни теории и ставови, безразлика дали се рабори за GREE или било кој бренд. Упорно манипулирате со термините Кинески и Јапонски, вашите совети се единствено базирани на матичната земја на брендот ( што не значи и потеклото на самата клима ) и се што може да е против GREE, очигледно вас Gree како бренд ви смета. Неколкупати го ставивте во иста група со Midea и други кинески брендови а истовремено тврдете дека никогаш не би го купиле или би купиле попрво Midea. Со коментари се јавувате само ако треба да се навреди и нападни Gree, најосновно немам забележано да дадете предлог на некого кој ке побара клима со буџет под 800еу, а и ако некој има буџет од 700-800еу секогаш вашиот коментар е додади уште малку ( тоа малку е 100-200еу ) за јапонски бренд, тоа само ја потврдува вашата скриена намера и финансиска бенефиција/корист.