Може да дообјасниш малку околу ова, ке се распрашаме за ова подетално но ако имаш повеќе информации добро би било да споделиш ако не е проблем.
На сајтот на Српската царина го најдов овој текст со наслоv "Povraćaj PDV" по кој гледам дека поврат на ДДВ(по нивноPDV) е можно, барем на хартија, а дали реално функционира е друга работа.
Образецот REF4 кој се пополнува во продавницата не успеав да го пронајдам на сајтот на царината но го има овде
http://www.paragraf.rs/obrasci/REF_4.pdf
Мене информацијата ми е од човек вработен на македонско-српската граница, но тоа беше само неврзан разговор и затоа и му реков на кандилце ако најде некое вратиче да сподели. Самите гледаме како иде повратот на македонско-грчката граница. На образецот даден од фирмата од каде нешто се купува грчките граничари удираат печат, а повратот на ДДВ-то е во фри шопот.
Мене само за едно не ми јасно, ајде за цените на клима уредите во Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска „може да кажеме“ дека како членки на ЕУ имаат некој попуст или ги зимаат на некој волшебен начин, ама како цените во Србија се исти со нивните?
Последно уредено: