- Член од
- 11 јануари 2011
- Мислења
- 121
- Поени од реакции
- 114
Луѓе, дај држете ниво. Што се палите ко тинејџери??
Како и да е, кинеско ѓубре или не - јас со ремаркирана Гри клима истерав втора зима без проблем. Цело време наместена на 25 степени, дома одржува 24 (мерам со метео станица на 1м од под), супер стоплени сме и најчесто многу лесно облечени. Еве од пред два месеци и со бебе сум, па појачувам на 27 кога го бањаме. Сметката за јануари ми е 3800 денари, ќе пишам во понеделник за февруари колку ќе дојде.
Да, не земав Тoшиба или Даикин - јеби га, многу комбинации беа во игра, ама на крај пресудна беше цената. За под 500 евра сосе монтажа јас зимно време се топлам, а летно се ладам. И гаранција имам уште 3 и пол години. Па, после тоа, нека рикне ако сака.
Како може ова да се спореди со парно на дрва?! Само радијатори, котел, инсталација кошта ѓавол и пол.
И јас бев скептик кога планирав греење, купив за секој случај и панел 3kW, ама ене го стои во детската како украс и се пушта многу ретко, пред да го легнам детево таму. Најверојатно нема ни да се користи никогаш, здравје пролетва ставам уште една клима во ходникот меѓу двете спални, би требало да ги згрее без проблем.
Значи дај пишете лични искуства, не знам зошто се напаѓате лично, место да споделуваме искуства?? Нема потреба. Еве уште еднаш да аплирам, ДРЖЕТЕ ЦИВИЛИЗИРАНО НИВО без лични навреди.

Појака прва половина, ама и целина гледан одличен. Гркот примил влијанија од одлични режисери.