Одамна имав мерак да направам ваква споредба и деновиве имав малку слободно време и конечно бидна. Еве споредба на бројот на часови на одредена температура помеѓу Скопје и Стразбур односно вредностите кои се користат за пресметка на SCOP во умерената климатска зона. Податоците за Скопје се земени од мерната станица во Петровец преку сајтот wunderground.com и претставуваат просек за периодот 2002-2014. Тие за Стразбур се преземени од документ за пресметка на SCOP.
Прегледај го приврзокот 118043
На долната оска на графикот се температурите, а на вертикалната оска се бројот на часови. Самиот график означува колку вкупно часови во сезоната биле на одредена температура. Сината линија е просекот од Стразбур, црвената е Скопје (Петровец). Вкупниот број на часови во овој температурен опсег во Стразбур е 4910, во Скопје е 4943.
Може да се забележи дека бројот на часови со температури под нула се горе-долу идентични, но има значително помал број на часови во опсегот од 0-10 степени, на сметка на часовите над 10 степени. Од ова произлегува заклучок дека Скопје има поблага клима од Стразбур што значи дека SCOP на уредите кои се користат тука е за нијанса поголем од оној декларираниот.
Друго што се гледа е дека најголемиот период температурата е над -2 степени што е прилично над бивалентната темература на било кој уред, што пак значи дека никој од уредите не би требало да има проблем да ја постигне бараната температура.
Под -7 степени има просечно 108 часа од пои повеќето од нив се распоредени во ноќните и раните утрински часови.